Анонимус (група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Anonymous
Анонимус

Знамето ја пренесува симболиката поврзана со Анонимус. Сликата на "костум без глава" претставува организација без водач и анонимност [1]

Поединци се појавуваат во јавноста како Анонимус, носат маски на Гај Фокс, популаризирана од графичкиот роман и филм V for Vendetta
Основана 2003–денес
Тип Интернет феномен
Виртуелна заедница
Здружение
Цел Интернет активизам
Интернет трол
Антиглобализам
кибервојна
Регион Глобално
Членство Група за притисок

Анонимус (англиски: Anonymous, што значи „анонимен“) е хактивистичка група која се појави во 2003 година како неформална мрежа која се бори против цензурата на интернетот, а некои експерти ја сметаат и за наследник на веб-сајтот Викиликс[2]. Групата најчето напаѓа сајтови кои, според нивното мислење, дејствуваат на штета на слободата на интернетот.

Активност[уреди]

"Порака до скиентолозите", 21 јануари, 2008

Од активноста на Анонимус настрадале платните системи Visa, Mastercard, кои ги замрзнале сметките на Џулијан Асанж, како и PayPal, бидејќи одбил да прима переводи на името на Асанж [3] . Освен тоа, на напади биле подложени хостинг провајдерот Amazon, швајцарските банки PostFinance, EveryDNS, веб-сајтот на шведскаото обвинителство и сајтот на поранешниот гувернер на Аљаска, Сара Пејлин.

Акцијата за заштита на сајтот Wikileaks Анонимус нарекуваат операција «распали". Нападите на Анонимус се изведуваат со програмата LOIC.

Нападите на Анонимус се засилуваат по затворањето на сајтот на кој што се разменуваа фајлови Мегааплоад. Интернет-страниците на американските владини институции, како и тие на големите музички и филмски корпорации во САД, една недела постојано биле хакирани од групата „Анонимус“, која се одмаздувала за апсењето на најпознатиот светски хакер Kим Дотком Шмиц, кој беше уапсен во петокот во Оукленд, Нов Зеланд. Шмиц е обвинет во САД дека преку својата интернет-страница „Мегааплоуд“ им овозможил на корисниците бесплатно да преземаат филмови, музика, книги и апликации од интернет, со што тој нелегално заработил 175 милиони долари, а ги оштетил сопствениците на пиратираните авторски права за над половина милијарди долари.

„Анонимус“ упаднаа на интернет-страниците на повеќе државни институции, меѓународни организации и политички партии низ светот, обвинувајќи ги дека ги задушуваат слободата и демократијата. Омиленото оружје на „Анонимус“, кои се борат за слобода на интернетот, не е класичното хакирање на страницата, туку пренасочување на сообраќајот кон посакуваната страница, која поради големиот прилив на корисници на таа адреса, се блокира.

Во јануари 2011 година во Велика Британија се уапсени пет хакери од групата "Анонимус". Во 2011 година "Анонимус" објавиле дека започнале координирани напади врз сајтот на владата на Египет. Од активностите на хакерите биле настрадале ресурси на египетското министерство на информациите. На 21 јуни 2011 година "Анонимус" се обединиле со хакерската група LulzSec, поради сличните ставови, а на 4 јули и со хакерите од The Script Kiddies.

Во јули 2011 година „Анонимус“ објавуваат тајни податоци, украдени од серверот на американската консултанска компанија Booz Allen Hamilton. Групата истакнала дека тоа е направено со цел да се покаже слабоста на системите за заштита, користени од фирмата во сопствените мрежи.

„Анонимус“ се вклучија во протестот окупирај го Вол стрит заканувајќи се дека ќе напаѓаат веб-сајтот на Њујоршката берза (NYSE). На 11 октомври со DDoS напади тие успеаја за еден час да ја нарушат работата на сајтот.

Напади[уреди]

Флаер - Вие го нарекувате пиратство, ние Го нарекува СЛОБОДА
  • “Анонимус” го нападна сајтот на американската служба за разузнавање ЦИА. Хакерите го срушиле сајтот и потоа објавиле на својот твитер профил. Тие напишале “CIA TANGO DOWN". Неколку часа по нападот страницата на ЦИА не беше достпана за користење.
  • „Анонимус“ го урна сајтот на Меѓународната полициска агенција (Интерпол), само еден ден откако упадна и на интернет-страната на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Уривањето на страната на Интерпол следи како знак на протест со кој "Анонимуси" сакаа да укажат на "штетноста на Договорот за заштита на авторксите права на интернет (АКТА)".
  • „Анонимус“ објавија дека извршиле напад на Интернет страните на бизнис центарот за заштита на потрошувачите ФТК и Националната недела за заштита на потрошувачите. Двете Интернет страни се заменети со видео запис на германски јазик, исмејувајќи го Трговскиот договор за борба против пиратеријата, познат како АКТА.
  • „Анонимус“ на неколку часа го исфрлија од функција и веб сајтот на Чешката унија против пиратеријата (ЧПУ), која се занимава со наоѓање и бришење на нелегални копии на филмови на интернет и собирање докази против сторителите на кривичните дела.
  • „Анонимус“, извршиле хакерски упад во архивите на француската полиција, при што преземале лични податоци на полициски службеници. Како што објавуваат француските медиуми, по нападот, тие ги објавиле личните податоци на 541 полицаец на интернет страница за размена на содржини. Податоците се состоеле од имињата и презимињата на полицајците, нивните телефонски броеви и адреси на електронската пошта. Информациите биле достапни за јавноста неколку часа, по што биле отстранети од веб-страната.
  • „Анонимус“ објавија дека влегла во околу 70 интернет страници на органите на редот од јужниот и централниот дел на САД поради апсењето на нејзини симпатизери во САД и Велика Британија. Групата тврди дека успеале да украдат околу 10 гигабајти податоци, вклучувајќи пораки, детали од кредитни картички и други важни инфорамции.
  • По хакерските напади на „Универзал“ и „Ворнер“, го нападна и интернет страната на меѓународниот медиумски конгломерат „Вивенди“ со седиште во Франција. Сајтот „Вивенди“ беше прекриен со порака во која компанијата се обвинува за цензура и големо предавство на духот на интернетот, а 15 минути подоцна стана недостапен.
  • „Анонимус“ го урна сајтот на втората најголема берза во САД, Насдак во знак на поддршка за движењето „Окупирај го Волстрит“. Иако претставници на берзата негираат, пристапот до нивниот сајт е оневозможен а тие не можат да откријат ниту од каде доаѓа нападот ниту на кој начин нивните експерти ќе го решат проблемот.
  • Анонимус соопштија дека успеала да прислушкува телефонски разговори помеѓу агенти на американското ФБИ и британскиот Скотланд јард. Со тоа групата повторно пронајде начин да ги посрамоти оние кои се задолжени за нивно спречување со работа и апсење. На Јутјуб тие објавија снимка од конференциски повик меѓу агенти од ФБИ и колеги од британски Скотланд јард, а најинтересно е што полицајците зборувале за тоа како да ги запрат Анонимус. Не е познато како тие го хакирале тој повик веројатно снимен на 20 јануари 2012.
  • Анонимус ја нападнале компанијата за веб хостинг, „Freedom Hosting“, која нуди услуги за повеќе од 40 интернет страници за педофили, меѓу кои и Lolita City, една од најголемите на интернет. Покрај хакнувањето на хостинг компанијата, Анонимус собрале податоци за 1589 корисници кои се оставени како доказ за надлежните институции. Сите педофилски страници се хостирани на анонимната мрежа Тор, која го менува правецот на трансферот преку скапи волонтерски сервер, и на тој начин го отежнува надгледувањето на содржината. Анонимус прво ги отстраниле линковите за детска порнографија, и упатиле порака до „Freedom Hosting“ како предупредување. Кога компанијата не ги послушале, тие целосно ги срушиле нејзините сервери.

Анонимус vs. АКТА[уреди]

„Stop Acta“ - беџ
Anonymous vs. ACTA

Повеќе десетици илјади лица, на кои им се приклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, протестираа на улиците на бројни европски градови, против контроверзниот меѓународен договор за заштита на интелектуалната сопственост на интернет - АКТА, кој, како што сметаат, ќе ја ограничи слободата на користење на мрежата и ќе ја зголеми можноста за контрола на граѓаните. Меѓу првите се собраа критичарите на овој договор во литванската престолнина Вилнус, каде со натписите "Стоп АКТА" пред зградата на Владата протестираа неколку илјади луѓе.

Во Германија протестите против овој договор собраа околу 41.000 лица, а најголемите собири се одржаа во Минхен и во Берлин, каде одделни демонстранти имаа залепен селотејп преку устата. Еден од поголемите протести е одржан во Софија, каде во протестен митинг пред зградата на Владата учествуваа околу 4.000 лица. Завчера и чешките и полските демонстранти ги поддржаа граѓаните на Германија, Австрија, Финска, Франција, Бугарија, Словачка, Хрватска и други земји од Централна и Источна Европа, протестирајќи против антипиратскиот договор АКТА.

Дел од учесниците во овие протести носеа маски на Гај Фокс од филмот "В како Вендета", кои ја симболизираат хакерската група "Анонимус". Европскиот трговски договор АКТА бара построго следење на заштитата на авторските права на интернет и на пазарот на информатичките технологија. Договорот против фалсификувањето и интернет-пиратерија АКТА (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) кон крајот на јануари 2012 го потпишаа 22 членки на Европската унија и повеќе други земји во светот, меѓу кои и САД, Јапонија, Швајцарија и Австралија. Ратификација на АКТА во ЕУ треба да се случи 2012 годинава во Европскиот парламент. Меѓутоа, протестите, барем засега, ја одложија ратификацијата на АКТА во Чешка, Германија, Латвија, Полска и Словачка.

По серијата протести на "Анонимус" и нивните приврзаници низ Европа, "Анонимус" го урнаа сајтот на Меѓународната полициска агенција (Интерпол), само еден ден откако упадна и на интернет-страницата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Идеологија, иконографија и естетиката[уреди]

Mаската на Гај Фокс

Еден од преставниците на Анонимус, со псевдоним Ладнокрвниот (Coldblood), во интервјуто за англискиот весникот Гардијан ја објаснил философијата на групата, со следните зборови:

"Ние сме против корпорациите и владите кои се мешаат во интернетот. Сметаме дека интернетот треба да биде отворен и слободен за сите " [4].

Како киберкултура, естетика на Анонимус е базирани врз различни форми на шок хумор, вклучително и жанрови на надреален и црн хумор. Анонимус го користат мотото: "Ние сме Анонимус. Ние сме Легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не.” Составен дел од иконографијата на Анонимус е маската на Гај Фокс. Членовите на Анонимус или нивните симпатизери оваа маска ја користат на разните простести низ светот.

Програма LOIC[уреди]

Во сите свои напади групата Анонимус ја користи програмата LOIC (Low Orbit Ion Cannon) и нејзината наследничка HOIC (High Orbit Ion Cannon) - програми, развиени од Анонимус програмери на порталот 4chan. Целта на програмата е со неа да може да делува дури и човек кој никогаш не се обидел да изврши DDoS напади. Единствено е потребно корисникот на програмата да воведе информации за целта и да почне нападот. Карактеристика на програмата LOIC е дека таа може да се поврзе со IRC-канал или Twitter, што овозможува да се координира сериозен напад врз серверот.

Извори[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Исто така проверете[уреди]