Гај Фокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гај Фокс

Гај Фокс, познат и како Гидо Фокс (англиски: Guy Fawkes, 13 април 157031 јануари 1606) — англиски офицер, член на група католички заговорници кои го организирале неуспешниот т.н. Барутен заговор во 1605 година, кој се обидел да го убие англискиот крал Јаков I. Гај Фокс е уапсен на 5 ноември и заговорот бил спречен[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Гај е роден во Стоунгејт, Јорк, каде што е крстен во црквата св. Мишел Ле Белфри на 16 април 1570 година. Се смета дека неговиот татко, Едвард Фокс, бил ревносен протестант, затоа Фокс сигурно не ги наследил своите католичките верувања од него. Фокс станува католик на околу 16 годишна возраст. Татко му умира во 1579 година и неговата мајка повторно се омажилаво 1589 за Дени Бејнбриџ. Семејството Бејнбриџ биле дисиденти, па најверојатно Гај станува католик благодарение на нив.

Во 1592 година Гај ја продава земјата, наследена од неговиот татко и оди да служи во католичката армија на Шпанија против холандските протестанти. За време на својата долгогодишна воена служба тој добива значително искуство при ракувањето со експлозив, што е веројатната причина да биде привлечен од заговорниците.

Барутен заговор[уреди | уреди извор]

Гравура на осумина од тринаесте заговорниците. Фокс е трет од десно.

По смртта на Елизабета I во 1603 година, англиските католици се надеваат на измени во законот и укинување на ограничувањата наметнати од кралицата. За жал овие нивни надежи остануваат залудни, што доведува до заговорот на група млади Англичани. Првичната идеја е на Роберт Кејтсби, кој предлага да се крене во воздух Парламентот при посетата на кралот Џејмс I и на неговото семејство на 5 ноември 1605 година. Така шансата, да биде убиен кралот, неговиот наследник и голем дел од членовите на парламентот била голема. За остварување на овој план се користат 36 буриња со барут кои биле сместени во подрумот на Домот на лордовите. Еден од учесниците во заговорот, сфаќајќи дека може да загинат и многу невини луѓе, испраќа анонимно писмо до својот пријател, лорд Монтигл во кое го повикува да не го посетува Парламентот на 5 ноември. Писмото паѓа во рацете на кралот и по претрес на подрумот, е фатен Гај Фокс, подготвен да го запали фитилот на барут.

Огномет за време на Ноќта на Гај Фокс

Иако Гај Фокс не е ниту иницијатор, ниту еден од главните организатори на заговорот, неговото име станува легенда и симбол на Барутниот заговорот, затоа што долго време тој бил единствениот осомничен. По жестоката тортура и испитување, тој ги открил имињата на другите заговорници. Сите тие се фатени, обвинети за државна предавство, обид за убиство и осудени на смрт. Гај Фокс скокнал од бесилката, на која треба да биде обесен на 31 јануари 1606 година и си го скршил вратот, бидејќи јамката била околу негавата глава. На овој начин тој го избегнал јавното мачења и понижување кои во тоа време се ритуал пред погубувањето. По овој настан кралот воведува дополнителни ограничувања за католиците. Во анархистички средини се шири тврдењето дека Фокс е единствениот човек влегол во парламентот со чесни намери.

Од 1605 година до ден денешен во некои делови на Англија се прославува 5 ноември со палење на огнови и огномет.

Ноќ на Гај Фокс[уреди | уреди извор]

Маски на Гај Фокс на простестите во Минхен

Ноќта на Гај Фокс е фестивал во Британија, на 5 ноември. Исто така е фестивал и во Нов Зеланд, Канада и други поранешни британски територии. Ноќта на Гај Фокс се присеќава на Барутниот заговор. Денес, луѓето на 5 ноември палат огнови низ градовите низ Англија. Прославата е проследена со огномет. Во британските училишта, децата се подготвуваат за огномет, и ја учат традиционалната песна за 5 ноември:

Remember, remember the Fifth of November

Gunpowder, treason and plot;
I know of no reason why gunpowder treason
Should ever be forgot.


Маската на Гај Фокс[уреди | уреди извор]

Иако употребата на маска има долги корени, како дел од прославата ноќите на Гај Фокс, стилизираната маска дизајнирана од страна на илустратор Дејвид Лојд која се користи како голем заговорнички елемент во стрипот V for Vendetta, објавен во 1982 година , и филмски адаптиран 2005 година, почнува да симболизира поширок протест.

Откако се појави во интернет форумите, маската се носи од страна на учесниците во протести и стана широко распространета на меѓународно ниво меѓу групи кои протестираа против политичари, банки и финансиски институции, како што е движењето Окупирај.

Маската прикажува бело лице со суптилна насмевка и црвени образи, широки мустаќи угоре свиткани на двата краја, и тенка вертикална истакната брада.

Извори[уреди | уреди извор]