Прејди на содржината

Фрањо Туѓман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрањо Туѓман
Туѓман во 1995
I Претседател на Хрватска
На должноста
30 мај 1990 – 10 декември 1999
Премиер Јосип Манолиќ
Фрањо Грегуриќ
Хрвоје Шариниќ
Никица Валентиќ
Златко Матеша
Наследник Влатко Павлетиќ (привремено)
Стјепан Месиќ (претседател)
Претседател на Хрватска
На должноста
25 јули 1990 – 22 декември 1990
Премиер Стјепан Месиќ Претседател на Извршен Совет на СР Хрватска)
Јосип Манолиќ (Премиер на Хрватска)
IX Претседател на Претседателството на СР Хрватска
На должноста
30 мај 1990 – 25 јули 1990
Премиер Стјепан Месиќ (Претседател на Извршен Совет на СР Хрватска)
Претходник Иво Латин
I Претседател на ХДЗ
На должноста
17 јули 1989 – 10 декември 1999
Претходник Воспоставена функција
Наследник Владимир Шекс (привремено)
Иво Санадер
Лични податоци
Роден(а) 14 мај 1922(1922-05-14)
Велико Трговишќе, Кралство СХС
Починал(а) 10 декември 1999(1999-12-10) (возр. 77)
Загреб, Хрватска
Почивалиште Гробишта Мирогој, Загреб, Хрватска
Националност Хрват
Партија ХДЗ (1989–1999)
Други припадности Сојуз на комунистите на Југославија (1942–1967)
Сопружник Анкица Туѓман (в. 1945; his death 1999)
Деца Мирослав, Стјепан и Невенка
Установа Воена Академија Белград
Универзитет во Задар
Професија Политичар, историчар, војник
Потпис
Портал tudjman.hr
Воена служба
Припадност  Југославија (1942–61)
 Хрватска (1995–99)
Род Југословенски партизани (1942–45)
ЈНА (1945–61)
Вооружени сили на Хрватска (1995–99)
Траење 1942–1961
1995–1999
Чин Генерал-мајор (ЈНА)
Врховник (Армија на Република Хрватска)[1][2]
Единица X загрепски корпус
Битки/војни Втора светска војна
Хрватска војна за независност

Фрањо Туѓман (хрватски: Franjo Tuđman; Велико Трговишќе, 14 мај 1922Загреб, 10 декември 1999) — хрватски историчар, академик на ХАЗУ, државник, прв претседател на суверена и самостојна Република Хрватска и врховник[3] на хрватската војска. Учесник во НОБ на Хрватска од 1941, како офицер за разузнавање. После војната работи во Главниот штаб на ЈНА во Белград, а потоа на високи воено-политички позиции во управата на ЈНА, Министерството за одбрана и Генералштабот. Студии завршил на Вишата воена академија во 1957 година, а со чин генерал-мајор се стекнал во 1960. На сопствено барање ја напушта воената служба во 1961 за да се посвети на научно-истражувачка работа.

Го основал Институтот за историја на работничкото движење во Загреб, каде што бил управител од 1961 до 1967. Со титулата доктор на историски науки се стекнал во 1965, а од 1963 до 1967 е вонреден професор на Факултетот за политички науки во Загреб.

Собрал опсежни историски материјали и пишувал за историјата на Комунистичката партија на Хрватска, во која спротивно на југословенскиот унитаризам, ја истакнувал нејзината борба против Велико-српската идеологија на режимот на Кралството Југославија. Исклучен е од Сојузот на комунистите на Југославија во 1967 и пензиониран.

Во 1972 година е осуден на 2 години затвор поради национализам, со оглед дека неговата историчарска работа дошла во судир со службената пропаганда на СФРЈ. Пуштен е после 9 месеци. Во 1981, после дадено интервју за шведска телевизија, повторно му е судено, овој пат за контрареволуционерна работа, при која бил посебно „виновен“ за ревизија на југословенската пропаганда за Јасеновац, која инсистирала дека имало над 700.000 жртви, бројка која наводно било користена за de facto демонизирање на Хрватите чијшто национализам претставувал „најочигледна закана за опстанокот на СФРЈ“. Туѓман презентирал податоци од 1964 година кога е спроведен службен попис на жртвите од војната во СФРЈ, според кои во Јасеновац смртно страдале неколку десетина илјади луѓе, иако дел од тие податоци биле ставени под ембарго сè до распадот на СФРЈ.[4] Бил осуден на 3 години затворен, но во 1983 е пуштен поради здравствени причини. Во 1984 година е вратен во затвор, но повторно пуштен, овој пат условно поради влошена здравствена состојба. Како заговорник за хрватска самостојност, политички се ангажирал кон крајот на осумдесеттите. Во 1989 ја основа Хрватска демократска заедница чијшто претседател е до својата смрт. После победата на ХДЗ, на изборите во 1990, е избран за претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Хрватска. После донесувањето на Уставот во 1992 е избран за Претседател на Република Хрватска. Автор е на Декларацијата за независност на Хрватска од 21 јуни 1991 и преамбулата на Уставот.[5] Како врховен командант ја предводи одбраната на Хрватска во војната за независност. Во 1997 година е реизбран за претседател на Хрватска, а ХДЗ победува на изборите во 1992 и 1995 година. Неговата политика се темели врз начелата за: обединување на сите Хрвати независно од идеолошката определба во едно политичко-национално движење чија цел е самостојна држава, повторен влез во средноевропксиот цивилизациски круг и дебалканизација на Хрватска и обновување на потиснатите и стигматизирани хрватски традиција, култура, јазик и историја. Неговите политики предизвикале контроверзи во домашната и меѓународната јавност. Бил критикуван од опозицијата за неговиот авторитарен политички настпа и нагласената партиска моќ, со денационализацијата на државната сопственост. Сепак важи за харизматична личност чија најголема заслуга е стекнувањето на Хрватска со независност. Во негова чест, како облик на една од најголемите почести, аеродромот во Загреб го носи неговото име, како и мостови Дубровник и Осијек. Заедно со Стјепан Радиќ и Анте Старчевиќ претставува симбол и олицетворение на хрватската патриотска политика. После неговата смрт се смета дека почнал бран на „детуѓманизација“ на Хрватска на чело со Ивица Рачан и Стјепан Месиќ, со што завршиле „златните деведесетти“ во кои Хрватска по пат на првите повеќепартиски избори и победа во војната за независност го остварилa својот повеќедецениски сон за самостојност.

Младост, Втора светска војна и воена кариера

[уреди | уреди извор]
Родната куќа во Велико Трговишќе

Фрањо Туѓман потекнува од средноимотна селска фамилија. Роден во Велико Трговишќе на 14 мај 1922 година [6] во бракот на Стјепан и Јустина (родена Гмаз). Покрај Фрањо, семејството Туѓман имало уште два сина Ивица и Стјепан. Татко му бил почитуван член на ХСС и општински началник. Мајка му починала во 1929.[6] кога Фрањо тргнал во основно пколо. Основно школо (германски: Volksschule) учел во родното место (1929 - 1933) а во Загреб во Второто државно машко училиште (1935 – 1939), а подоцна и Трговска академија на здружението на трговци (1939 – 1941). Претежно се издржувал сам. Апсењето во 1940, за кое пишува во неговите службени биографии сè уште не е доволно разјаснето. Во хрватската енциклопедија е наведено дека е притворен во 1940 година [7] како средношколец поради учество во левичарски манифестации.[8] Фамилијата на Туѓман го поддржувала хрватското национиално движење под водство на Хрватската селанска партија и Влатко Мачек, додека Фрањо во текот на Втората светска војна бил дел од партизаните.[9] Во пролетта 1941 го прекинува школувањето и се вклучува во народноослободителната борба за Хрватска, а од 1942 станува член на КПЈ. Дејствувал на подрачјето на северозападна Хрватска. Од 1942 бил раководител на илегална партизанска печатница (Glas Hrvatskog zagorja)[7], од 1943 заменик комесар на Вториот загорски партизански одред, а од 1944 заменик комесар на бригадата „Браќа Радиќ“, комесар на 32 Дивизија и началник за кадровски работи на Штабот на X корпус. Татко му бил пратеник во Антифашистичкото собрание на народнотно ослободување на Хрватска (ZAVNOH) и во АВНОЈ.[8] Брат му Стјепан загинува како припадник на антифашистичкото движење во 1943 година. Во јануари 1945 е испратен во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во Белград, каде што работел во Главната кадровска управа на Министерството за одбрана, како началник на Вториот (организациски) оддел.[8][10]

Фрањо Туѓман, 1945.
На слика со Јоже Хорват, 1945.

Во 1946 се случила и семејна трагедија која не е во целост разјаснета. Татко му Стјепан заедно со неговата маќеа умира од насилна смрт под сомнителни околности[8] кои подоцна биле различно толкувани (самоубиство, несреќен случај...), но преовладала верзијата според која, татко му како критичар на новата власт, е ликвидиран од страна на ОЗНА.[10]

  1. „Одлука за ознаки на чиноите и должностите во вооружените сили на Република Хрватска“ (хрватски). Посетено на 15 December 2013.
  2. „Врховник“. Горниот дом на Хрватскиот Сабор. Посетено на 15 April 2017.
  3. Највисок воен назив кој се користел во Хрватска од 1995. до 2002.
  4. Benčić, Andriana. „KONCENTRACIJSKI LOGOR JASENOVAC: KONFLIKTNO RATNO NASLJEĐE I OSPORAVANI MUZEJSKI POSTAV“. Polemos : časopis za interdisciplinarna istraživanja rata i mira, Vol. XXI No. 41, 2018. стр. 46. Посетено на 21.септември 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. „За Уставот на Хрватска“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2020-02-16.
  6. 6,0 6,1 Moljac.hr Архивирано на {{{2}}}. Фрањо Туѓман
  7. 7,0 7,1 Tuđman, Franjo. U enciklopediji: Slaven Ravlić, gl. ur., Hrvatska enciklopedija, 11. sv. : Tr – Ž, Leksikografski zavod Miroslava Krleže, Zagreb, 2009., ISBN 978-953-6036-41-7, str. 85. i 86.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Franjo Tuđman Hrvatska enciklopedija (LZMK)
  9. Franjo Tuđman Opća i nacionalna enciklopedija
  10. 10,0 10,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Predsjednik.