Озон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот Менува: pl:Ozon
Ред 104: Ред 104:
[[oc:Ozòn]]
[[oc:Ozòn]]
[[om:Ozone]]
[[om:Ozone]]
[[pl:Ozon (chemia)]]
[[pl:Ozon]]
[[pnb:اوزون]]
[[pnb:اوزون]]
[[pt:Ozônio]]
[[pt:Ozônio]]

Преработка од 14:29, 27 јануари 2010

Озон
Назнаки
10028-15-6
PubChem 24823
RTECS-бр. RS8225000
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Изглед синкаст скоро безбоен гас
Густина 2,144 g/L (0 °C), гас
Точка на топење
Точка на вриење
0,105 g/100mL (0 °C)
Показател на прекршување (nD) 1,2226 (течност)
Термохемија
Ст. енталпија на
формирање
ΔfHo298
+142,3 kJ·mol−1
Стандардна моларна
ентропија
So298
237,7 J·K−1.mol−1
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Озонот (грч. ozeine, “да мириса”), е бледо син, високо отровен гас со силен мирис. Озонот се смета за загадувач на земјино ниво, но озонската обвивка во горните делови на атмосферата го заштитува животот на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација.

Озонот е една од трите форми, наречени алотропи, на елементот кислород. Озонот е триатомски кислород, што значи дека има три атоми во секој молекул (формула О3). Обичниот, или двоатомски кислород (O2) е повеќе стабилен од озонот и затоа е голема неговата застапеност во атмосферата. Електрични искри и ултравиолетово зрачење можат да предизвикаат обичниот кислород да се претвори во озон. Присуството на озон понекогаш предизвикува забележителен мирис близу електрични излези.

Молекула на озон

Во долните делови на атмосферата, озонот,се содржи во мали концентрации. Обвивката на атмосферата од 19 до 48 km над морско ниво, во слојот стратосфера, содржи поголемо количество на озон, создаден пој дејство на ултравиолетовите зраци од Сонцето. Дури и во оваа обвивка, процентот на озон е само 0,001 по волумен. Атмосферските нарушувања носат големи количини озон на Земјата. Човечката активност додава озон во долниот дел од атмосферата, каде станува загадувач и може да предизвика голема штета.

Озонската обвивка стана предмет на грижа во раните 1970-ти, кога се пронајдени хемикалии познати како хлорофлурокарбонати (CFC), или хлорофлурометани, кои се издигнувале во атмосферата во големи количини заради нивната употреба во фрижидери и аеросол распрскувачи. Загриженоста се фокусирала на можноста дека овие соединенија, преку дејството на сончевата светлина, можат хемиски да го нападнат и уништат стратосферскиот озон, кој ја штити земјината површина од преголемо ултравиолетово зрачење. Како резултат на ова, индустриите во светот ги замениле CFC супстанциите во скоро сите нивни употреби.

Својства

При нормални теператури и притисок озонот е гас со специфична тежина од 2,144 (околу 1,5 пати од густината на кислородниот гас). Озонот се смета за само мал процент од атмосферата и е невидлив, но високи концентрации на озонскиот гас се бледо сини. Гасот се кондензира на -111,9°С , а замрзнува на -192,5°С. Течниот озон е темно син и е диамагнетичен (се одбива од магнетни полиња). Цврстиот озон е темно виолетов. Озонот е многу повеќе хемиски реактивен од обичниот кислород. Се користи за прочистување на вода, стерилизирање на воздухот и за избелување на одредени видови храна.

Ефект врз животната средина

Озонот на земно ниво преставува опасност по здравјето, предизвикувајќи респираторни заболувања како бронхитис и астма. Истотака ја оштетува и вегетацијата и предизвикува гумата и некои пластики да се декопензираат. Азотните оксиди и штетните органски гасови емитувани од автомобилите комбинирани со индустриските извори предизвикуваат формирање на озон. Во 1998, Агенцијата за Заштита на Животната Средина на Соединетите Американски Држави (ЕРА), имплементирала нов закон дизајниран да се намали количеството на азотни оксиди ослободени од фабриките со погон на јаглен. Многу градови издаваат јавни предупредувања кога нивото на озон во воздухот достигне опасно ниво.

Озонот, пак, во горниот дел од атмосферата, е витален за животот. Овој озон се формира од дејството на ултравиолетовите зраци од Сонцето на молекулите на обичен кислород. Озонската обвивка го апсорбира ултравиолетовото зрачење така што тоа никогаш не стигнува до пвршината на Земјата. Одредени индустриски соединенија предизвикуваат озонот да се распаѓа, отворајќи дупки во озонската обвивка и го изложува живиот свет на површината на опасни нивоа на ултравиолетово зрачење. Еден едiнствен атом на хлор, на пример, може да уништи стотици или илјадници молекули на озон бидејќи хлорот делува како катализатор и не е вклучен во процесот.