Воена болница: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Народно-ослободителна → Народноослободителна
Ред 15: Ред 15:
}}
}}


'''Општата градска болница "8-ми септември"''' (поранешна '''Воена болница''') е најголема здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во [[Скопје]] и [[Република Македонија]]. Таа е под директна јурисдикција на [[Министерството за одбрана на Република Македонија]]. Основана е на [[15 Ноември]] [[1944]] година со одлука на Главниот штаб на [[Народно-ослободителната војска на Македонија]]. Командант на ВБ е полковник [[Петре Утковски]].
'''Општата градска болница "8-ми септември"''' (поранешна '''Воена болница''') е најголема здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во [[Скопје]] и [[Република Македонија]]. Таа е под директна јурисдикција на [[Министерството за одбрана на Република Македонија]]. Основана е на [[15 Ноември]] [[1944]] година со одлука на Главниот штаб на [[Народноослободителната војска на Македонија]]. Командант на ВБ е полковник [[Петре Утковски]].


== За болницата ==
== За болницата ==

Преработка од 10:11, 7 јануари 2021

Воена болница
ВидЈавна здравствена организација
ДејностЗдравство
Основано15 ноември 1944
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
Полковник д-р. Петре Утковски (командант на ВБ)[1]
Вработени
~ 700
Мреж. местоvoenabolnica.gov.mk

Општата градска болница "8-ми септември" (поранешна Воена болница) е најголема здравствена установа за болничко лекување на ниво на секундарна здравствена заштита во Скопје и Република Македонија. Таа е под директна јурисдикција на Министерството за одбрана на Република Македонија. Основана е на 15 Ноември 1944 година со одлука на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија. Командант на ВБ е полковник Петре Утковски.

За болницата

Првата зграда на Воената Болница на местото каде што сега е Скопскиот Саем и Хотел Континентал

По првата Светска војна воената болница се наоѓала на местото каде што сега е Скопскиот Саем и Хотел Континентал, и истата функционирала сè до средината на 1971 година]]. Во 1971 година била пуштена во употреба новата зграда која постои и ден денес, која во тоа време била една од најмодрните воено-медицински установи на Балканот. Вкупната површина што ја зафаќа овој комплекс изнесува околу 90.000 м2, од кои под покрив се околу 60.000 м2 а во слободната површина доминира болничкиот парк и паркиралиштата. Стационарниот дел од Воената болница располага со 400 болнички легла. Вработени се околу 700 воени и цивилни лица – здравствени работници, лекари од сите специјалности, специјалисти и субспецијалисти, доктори на науки, магистри, медицински техничари, административен, технички и друг помошен персонал. Амбулантно-поликлиничка специјалистичка здравствена заштита во Воената болница се обезбедува за повеќе од 120.000 пациенти годишно, а болничка здравствена заштита за околу 11.000 болни. Воената болница е наставна база на Медицинскиот факултет и Воената академија.

Научно-истражувачката дејност се реализира во координација со Медицинскиот факултет преку учество на мултидисциплинарни научни проекти, изработка на докторски дисертации и магистерски трудови кои се од интерес за Воената болница.

Структура на болницата

Денес во рамките на Воената болница влегуваат: Институтот за превентивна медицина, Воената амбуланта и Воената аптека.

Од 1-ви март 2000 година, со три оддели (Оддел за интензивна нега, Оддел за полуитензивна нега и Дијагностички центар), во склоп на болницата, функцонира и Приватната специјална болница за хируршки болести "Филип Втори".

Институт за превентивна медицина

Институтот за превентивна медицина е составена од 5 одделенија и тоа:

  • Хигиенско-хемиско
  • Епидемиолошко
  • Микробиолошко
  • Одделение за медицина на трудот и
  • Одделение за медицинска информатика

Воена амбуланта

Воената амбуланта е составена од три пункта кои делуваат во определени подрачја во местата каде што се наоѓаат. Тие се:

  • Пункт воена болница кој има три служби:
  1. Општа служба
  2. Стоматолошка служба и
  3. Лабораторија
  • Пункт Генераштаб којсе наоѓа во зградата на влезот во Генералштабот на АРМ и во него работи само стоматолошка ординација, во која работи стоматолог специјалист по општа стоматологија.

Пунктот е од отворен тип и покрај згрижување на АВЛ, ЦЛ и војниците од ГШ, врши стоматолошки услуги и на лица од граѓанството.

  • Пунк Аеродром кој е сместен во населбата Аеродром, во непосредна близина на касарната “Гоце Делчев” Скопје. Истата е од отворен тип и згрижува: АВЛ, војници, питомци, слушатели на курсеви во Воената академија за ШРО, слушатели за подофицери и офицери, како и пациенти од граѓанството кои ќе ја изберат оваа амбуланта како своја матична.

Амбулантата укажува општа медицинска помош и стоматолошки услуги, а во својот состав има и превијалиште, лабораторија и аптека. Во општата служба има три лекари од кои еден специјалист по општа медицина, а во стоматолошката служба има 4 стоматолози од кои еден специјалист по детска и превентивна стоматологија.

Воена аптека

Како организациона единица на Воената болница, Воената аптека е неопходна за нејзино функционирање. Воената аптека ги обединува плановите за потребите на болничките одделенија од лекови и медицински материјали и се грижи за нивна реализација преку прием, чување и издавање, а во согласност со законските прописи. Во рамките на активностите на Воената аптека влегува и издавање на лекови на рецепт за осигуреници на Фондот за здравство и припадниците на безбедносните сили на Република Македонија. За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.

Наводи

Надворешни врски