Билен чај: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
→Список на билни чаеви: Додадени врски Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник |
|||
Ред 22: | Ред 22: | ||
* [[Планински чај]] - се прави од цветот, листот и стеблото, се користи како народен лек против настинка |
* [[Планински чај]] - се прави од цветот, листот и стеблото, се користи како народен лек против настинка |
||
* [[Шипинка]] - се прави од плодот, се користи како добар извор на [[Витамин Ц]], се пие како народен лек против настинки |
* [[Шипинка]] - се прави од плодот, се користи како добар извор на [[Витамин Ц]], се пие како народен лек против настинки |
||
* [[Бел Слес]] - се прави од плодот, се користи против влажна кашлица |
|||
[[Категорија:Билни чаеви| ]] |
[[Категорија:Билни чаеви| ]] |
Преработка од 01:17, 4 април 2017
Bилен чај (наречен и хербален чај) — секаков вид на чај што не е направен од чајната грмушка (Camellia sinensis), туку од разни билки и суво овошје. Билен чај се прави од суви или свежи листови, цветови, плодови или корења од огромен број на билки или овошки. Делот од растениото кој е наменет за правење чај најчесто се потура во зовриена вода, се остава одреден период да отстои, и после се прецедува и се засладува по желба со мед или шеќер и лимон.
Многу компании произведуваат чај во филтер ќесички, кој е лесен за приготвување, но повеќето љубители преферираат да козумираат чај кои самите го имаат набрано.
Билните чаеви имаат лековити дејства и се користат во народната медицина за секаков вид на заболувања.
Список на билни чаеви
Лековити
Чај од:
- Горски чај или Оригано - се прави од цветот и стеблото, се пие како народен лек против настинка
- Жалфија - се прави од лисот, се пие за тегоби во желудникот и се користи за лечење на рани на непцето
- Јаглика - се прави од целата билка, се пие за респираторни болиести и за несоница.
- Камилица - се прави од цветот, се користи за исипрање на очите
- Кантарион - се прави од цветот и стеблото, се пие за засилување на имунитетот и за лечење на рани во дигестивниот систем
- Коприва - се прави од листот, се користи како добар извор на железо, се пие за слаба крвна слика
- Липа - се прави од цветот, се пие за релаксација и добар сон
- Мајчина душичка - се прави од цветот и стеблото, се пие против воспаленија на белите дробови
- Нане - се прави од листот, и се пие за тегоби во дигестивниот систем
- Планински чај - се прави од цветот, листот и стеблото, се користи како народен лек против настинка
- Шипинка - се прави од плодот, се користи како добар извор на Витамин Ц, се пие како народен лек против настинки
- Бел Слес - се прави од плодот, се користи против влажна кашлица