Жалфија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Salvia
Ливадска жалфија Salvia pratensis
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Lamiales
Семејство: Lamiaceae
Род: Salvia
L.
Видови

види Список на видови од родот Salvia

Жалфијата (науч. Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни. Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.

Блискиот род Perovskia и Phlomis се исто така познати како жалфии. Некои видови од нероднинскиот род Artemisia исто така се познати под името жалфија.

Одделни видови на жалфии[уреди | уреди извор]

Обичната жалфија е мало, повеќегодишно, грмушесто растение со задрвенето стебло, со сивкасти листови и сини до розово - виолетови цветови.

Собирање и употреба[уреди | уреди извор]

Жалфијата се користи како зачинска и медицинска билка, а исто така служи и за добивање на етерични масла. Во фетотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сиво - бели поради присуството на бели влакненца. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки - во мај и јуни.

Содржи етерично масло кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Докажано е дека ги уништува бактериите escherichia coli, shigella sonnei, salmonella. Исто така, таа е ефикасна и во уништување на некои габи. Поради ваквото дејство жалфијата е корисна билка за лекување на воспаленија и инфекции на слузницата на устата, непцата и грлото. Жалфијата ги омекнува секретите од воспалените слузници на дишните органи, со што полесно можат да се искашлаат. Сувите лисја се употребуваат и како зачини, бидејќи ги подобруваат вкусот и мирисот на храната, а го олеснуваат и нејзиното варење.

Чајот од жалфија има диуретично дејство, кое е послабо изразено, а се должи на присуството на флавоноидите. Може да помогне и при хронични заболувања на мочните патишта. Од многу одамна било познато дека чајот од жалфија е мошне ефикасен лек против потење. Ваквата моќ на жалфијата се објаснува со нејзиното дејство врз нервниот центар, кој ја регулира работата на жлездите кои лачат пот. Најчесто се препорачува да се пие против потење од нервно потекло или при топлотни бранови кои се јавуваат во менопауза.

Нанесен врз кожата чајот од жалфија ја затегнува кожата и ги смирува воспаленијата.

Занимливост[уреди | уреди извор]

Латинскиот назив salvia потекнува од зборот „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2.000 години ја користеле оваа билка за лечење на разни болести.

Жалфијата како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Понекогаш, жалфијата се јавува како тема во уметноста, како: „Венче од жалфија“ - песна од збирката „Столбот на чумата“ од чешкиот поет Јарослав Сајферт.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014.