Роже Мартен ди Гар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Во изработка}} ==Биографија== Роже Мартен ди Гар (1881-1958) бил француски писател....
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Roger Martin du Gard 1937.jpg|мини|Роже Мартен ди Гар]]
{{Во изработка}}
{{Во изработка}}
==Биографија==
==Биографија==

Преработка од 16:06, 11 јануари 2014

Роже Мартен ди Гар

Биографија

Роже Мартен ди Гар (1881-1958) бил француски писател.Тој произлегувал од фамилија на адвокати и судии, студиите по палеографска архивистика ги завршува во 1906 во Екол де Шарт (Ecole des Chartes) и започнува да пишува. Жан Боар се појавува во 1913. Добро прифатен во кругот на списанието Nouvelle revue française, тој се спријателува со Андре Жид, Жан Шлимбреже и Жак Копо. Потоа доаѓа војната и заминувањето на различни фронтови.Ди Гар Нобеловата награда за литература ја добива во 1937 и Големата книжевна награда на градот Париз.

Тибови

Откако бил демобилизиран од војската тој почнал да ја пишува Тибови. Книга која е сочинета од 8 томови кои се појавуваат помеѓу 1922 и 1940 година. Таа зборува за историјата на една фамилија-вистинска панорама на францускиот живот од тој период.

Дела

Роже е автор на романи како „Постанување“ (1908), „Африканско доверување“ (1941) и други, театарски пиеси (Тестаментот на чичо Леле, селска фарса; Афера, селска фарса, 1928; Молчелив, драма 1932), раскази, на сеќавања и друго (Белешка за Андре ЖИД(1913-1951).

Жан Боар

Жан Боар воодушевувал неколку генерации читатели: Мартен ди Гар во овој роман се зафаќа директно со општите проблеми на слободната мисла, на иднината на науката, на Вистината и Правдата. Неговите ликови илустрираат некои витални позиции меѓу кој треба да се направи избор. Нотоа се ликови од крв и месо. Мартен ди Гар го насликували и трагичното стареење на човекот , во неговото тело, во неговото срце и во неговиот ум, стравувањето пред болеста и смртта. Книгата е строго лоцирана од историска гледна точка: ги гледаме случувањата со Аферата Драјфус, којашто е подробно изложена. Најпосле. од една чисто литературна гледна точка, Мартен ди Гар, во време кога киното ги правеше првите чекори,го измисли кинематографското кадирање.

За што се работи

Овој роман го трасира патот на еден човек според крива која одговара на трите фази од човечкиот живот. Детството, како прво, во кое Жан успева со текот на времето да се ослободи од оковите на своето образование и посебно од религијата. Зрелоста во која Жан се здружува со неколку пријатели за да го создадат списанието Сејач, со таа цел да ја негуваат слободната мисла и рационалистичкиот дух. Таа борба ќе предизвика и одредени судири: Жан ќе мора да го напушти колеџот „Вансеслас“, каде што се осмелил да ја предава теоријата на Дарвин , ќе биде исто така принуден да се раздели од неговата многу побожна сопруга, неспособна да ги разбере неговите уверувања. Неговите раационалистички идеи ќе најдат конкретна примена благодарение на вметнување на историјата на романот. По примерот на Емил Зола , групата на Сејач ќе влезе во бурните настани за да ја докаже невиноста на Драјфус. Меѓутоа, спротивно на неговиот постар колега Лис, други амблематичен херој на романот, уверувањата на Бароа немаа доволно солидни основи. Крајот на неговиот живот ќе го обележи една серија разочарувања: аферата Драјфус ќе биде искористена од политикантите; Марија, ќерката на Бароа, далеку од тоа да биде уверана во борбата што нејзиниот татко ја водел целиот живот, ќе одлучи да се посвети на религијата..Најпосле, на крајот од животот, стравот од животот го обзема Бароа, го тера да се откаже од свиоите уверувања и да стане повторно „верник“.