Рихард Рети
Рихард Рети | |
---|---|
Рихард Рети | |
Целосно име | Рихард Рети |
Земја | Австроунгарија Чехословачка |
Роден | 28 мај 1889 Пезинок, Австроунгарија (денес Словачка) |
Починал | 6 јуни 1929 Прага, Чехословачка |
Титула | велемајстор |
Рихард Рети (роден на 28 мај 1889 во Пезинок, Австроунгарија (денес Словачка) - починал на 6 јуни 1929 во Прага) бил чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.
Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот.
Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Рети се родил во Пезинок во еврејско семејство. Се преселил во Виена, каде што започнал да студира математика на универзитетот во Виена.[2] Во 1908 година во Виена, го одиграл првиот меѓународен турнир, на кој го зазел последното место, но во истата година победил на турнирот Требич.
Во периодот од 1909 до 1914 година, Рети остварил добри резултати на турнирите во Абација (Опатија), Виена, Будимпешта и Манхајм.
Во периодот по Првата светска војна, Рети ги остварил своите најголеми успеси, со одличните настапи на турнирите во Кашау во 1918, во Ротердам во 1919, во Амстердам и во Виена во 1920 и во Гетеборг во 1921 година.
Во 1924 година, Рети учествувал на турнирот во Њујорк, на кој го победил актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка, за кого тоа бил прв пораз по период од 8 години.
Во 1925 година, Рети поставил светски рекорд по бројот на шаховски партии одиграни на слепо со симултанка. Тој одиграл 29 партии, од кои добил дури 21, ремизирал во 6 и загубил само две партии.
Починал на 6 јуни 1929 година во Прага од шарлах. Бил погребан на централните гробишта во Виена, во делот ТHe is buried in Vienna in the Zentralfriedhof cemetery, in Section T1, , група 51, ред петти, гроб триесет и четврти.[3]
Стил на игра
[уреди | уреди извор]На почетокот од својата кариера, Рети негувал напаѓачки стил на игра, најчесто играјќи го Кралев гамбит. Но, по војната, неговиот стил на игра се променил и тој станал еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот, заедно со Арон Нимцович. Всушност, со исклучок на Нимцовичовото дело „Мојот систем“, литературното творештво на Рети се смета за најголем поттик на стилот на игра кој се заснова на ова движење во шахот во тој период.
Шаховски композитор
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во својата шаховска кариера, Рети бил и познат шаховски композитор на композиции од завршницата, кои и денес имаат големо влијание во изучувањето на шаховската теорија поврзана со завршницата.
Композицијата претставена на десниот дијаграм се смета за една од најславите композиции за завршницата. Била објавена во списанието Ostrauer Morgenzeitung на 4 декември 1921 година. Навидум, белиот не може да го стигне црниот пешак и да го спречи да се промовира во дама, но главната идеја на оваа позиција е да се доближи кралот до средината на таблата, од каде што ќе биде еднакво оддалечен од двата пешака. Со тоа, црниот е принуден да игра со својот крал за да го спречи белиот пешак од промоција, а за изгубеното време белиот крал е во можност да го спречи црниот пешак на патот до промоција. Шаховската нотација на овие потези е следната:
- 1.Kg7! h4
- 2.Kf6 Kb6 (по 2...h3, следува 3.Ke7 и белиот навремено го заштитува својот пешак)
- 3.Ke5!! (сега белиот крал може и да го заштити својот пешак, но и да го спречи црниот пешак на својот пат)
- 3...h3
- 4.Kd6 и белиот ремизира.
Шаховски теоретичар
[уреди | уреди извор]a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Како еден од најголемите поддржувачи на хипермодернизмот и со промената на стилот на игра, Рети сè повеќе обрнувал внимание на другите отворања. Особено бил вешт во позициите кои настанувале со потезите 1.Sf3 d5 2.с4, па отворањето во негова чест било наречено Ретиево отворање.[4][5]
Во негова чест се наречени и некои варијанти во други отворања. Како љубител на класичниот напаѓачки тил на игра на почетокот на својата кариера, во негова чест името го добила варијанта во Одбиен кралев гамбит, која претставува продолжување на Фолкберовиот гамбит и настанува со потезите: 1.e4 e5 2.f4 d5 3.exd5 e4 4.d3 Sf6 5.De2.[6] Во Понцијаниевото отворање, Ретиевата варијанта настанува со потезите: 1.е4 е5 2.Sf3 Sc6 3.c3 Sge7,[7] додека Ретиева варијанта е наречена и варијантата во Француска одбрана, која настанува со потезите: 1. е4 е6 2.g3.[8]
Творештво
[уреди | уреди извор]Литературното шаховско творештво на Рети, исто така станало „класика“. Под влијание наНимцовичовото дело Мојот систем, неговите дела се стекнале со истата слава, а и денес се основни помагала во изучувањето на шаховската теорија. Најпознати од овие дела се Модерни идеи во шахот, кое било издадено во 1923 година и Мајсторите на шаховската табла, издадено посмртно, во 1933 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Winter, Edward (2003). A Chess Omnibus. Russell Enterprises. ISBN 1-888690-17-8.
- ↑ "Memoir of Reti", Reti's Best Games of Chess, H. Golombek, Dover, 1974
- ↑ JewishGen Online Worldwide Burial Registry - Austria
- ↑ „Список на шаховски отворања на Бил Вол“. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 2010-04-24.
- ↑ Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од А04-А09
- ↑ Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодовите од С31-С32
- ↑ Шаховска археологија: Отворања класифицирани со ЕШО кодот С44
- ↑ Шаховска археологија: Отворања класифицирани со кодови на ЕШО од C00-C19
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Бондаренко Ф. С. Развитие шахматного этюда. Киев: Здоров'я, 1982. 232 с.
- Владимиров Я. Г. 1000 шедевров шахматной композиции. М.: АСТ, 2005, 542 с. ISBN 5-17-031575-9.
- Туров Б. И. Жемчужины шахматного творчества. — Ростов-на-Дону: Феникс, 2000. ISBN 5-222-01375-8
- Шахматный словарь. М.: Физкультура и спорт, 1960
- Шахматы : Энциклопедический словарь. Москва : Советская энциклопедия, 1990. С. 332—333. ISBN 5-85270-005-3.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рихард Рети — профил и партии на ChessGames.com (англиски)
|