Кралев гамбит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кралев гамбит
abcdefgh
8
Chessboard480.svg
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
d7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
e5 црн пешак
e4 бел пешак
f4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Потези 1.e4 е5 2.f4
ЕШО C30-C39
Потекло Џулио Полерио, 1594
Предотворање Отворено отворање
На Chess Games

Кралев гамбитшаховско отворање кое настанува со потезите:

1. e4 e5
2. f4

Белиот нуди пешак, за да го отстрани црниот e-пешак од центарот и да изгради силен центар играјќи d2-d4. Теоријата покажала дека за црниот со цел да ја задржи материјалната предност, одигрува потези со кои сериозно ја ослабел позицијата на своите фигури. Кралевиот гамбит е едно од најстарите забележани отворања, коешто било пробувано во 17. век од страна на италијанскиот шахист Џулио Полерио.[1] Тоа е стара книга од Луис Рамирез де Луцена.[2] Денес Кралевиот гамбит е ретко играно отворање во врвниот шах. Црниот може да избере да освои пешак, со што ќе создаде исклучително одбранбена позиција.

Историја[уреди | уреди извор]

Кралевиот гамбит е едно од најпопуларните отворања во последните 300 години и било играно од многу големи шахисти и е се среќава во најголемите шаховски партии кои некогаш биле одиграни, вклучувајќи ја овде и Бесмртната партија. Сепак шахистите на ова отворање не обрнуваат големо внимание. Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726-95), еден од најголемите шаховски теоретичари во тоа време запиѓшал дека Кралевиот гамбит би требало да води до реми, при најдобра игра на обете страни, потенцирајќи дека stating „гамбит еднаков на добар напад и одбрана никогаш не е решена партија, ни за едната ни за другата страна.“[3] Околу 150 години подоцна, Зигберт Тараш, деен од најдобрите шахисти на 19. и почетокот на 20. век го нарекол отворрањето „решавачка грешка“ и запишал дека „речиси е лудо да се игра Кралев гамбит“."[4] Слично, идниот светски првак во шах Боби Фишер, по поразот во Кралев гамбит од Борис Спаски на шаховскиот турнир во Мар дел Плата во 1960, ја напишал познтатата статија „Расипаниот Кралев гамбит!“, објавена во American Chess Quarterly, во која запишал, „По мое мислење Кралевиот гамбит е расипан. Се губи од сила.“ [5] Оттогаш Кралевиот гамбит ретко се игра во велемајсторските партии, иако сѐ уште се игра од некои велемајстори, како Џозеф Галгер, Александар Морозевич и Алексеј Федоров.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристоја, Томас; Аулики Ристоја (1995) (на фински). Perusteet. Схаки. WSOY. стр. 58. ISBN 951-0-20505-2. 
  2. Хупер, Дејвид & Кенет Вајлд (1992), Друштвото на Оксфорд во шахот (2 изд.), Oxford University Press, ISBN 0-19-866164-9
  3. Филидор, Франсоа-Андре Даникан (2005), Анализа на шаховвската игра(1777) (2 изд.), Harding Simple Ltd., стр.67, ISBN 1-84382-161-3
  4. Тараш, Зигберт (1938), Шаховска игра, David McKay, стр.309
  5. Расипаниот Кралев гамбит Chess Quarterly.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]