Мојот систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мојот систем
Насловната страница (на руски јазик)
АвторАрон Нимцович
Изворен насловMein System
Земја Вајмарска Република
Јазикгермански

Мојот систем (германски: Mein System) е шаховска книга, дело на Арон Нимцович. По серијата од 5 брошури, од 1925 до 1927, книгата започнала да се издава насекаде. Во ова дело се прикажани хипермодерни идеи и концепти, кои имале голема примена во развојот на современиот шах. Оригиналното издание на книгата е напишано на германски јазик.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата е поделена на 3 дела: Елементи, Положбена игра и Илустративни партии.

Елементи[уреди | уреди извор]

Во делот Елементи, Нимцович дал објаснување на основите на неговиот „систем“. Тој се погрижил за елементите, како дел од шаховската стратегија:

  1. Центар
  2. Игра на отворените вертикали
  3. Игра на седмата и осмата хоризонтала
  4. Двојни пешаци
  5. Врзувања
  6. Откриен шах
  7. Разменување
  8. Пешачка структура

Положбена игра[уреди | уреди извор]

Следниот дел, Положбена игра е во изобилство на „елементите“ изнесени во првиот дел. Во него, Нимцович покажува како да се игра за положбена предност. Тој, особено образложува дека центарот може ефектно да се контролира со употреба на фигури, наместо пешаци. Концептот, кој сега е насекдае распеространет, е едено од основните принципи на хипермодернизмот.

Илустративни партии[уреди | уреди извор]

Делот Илустративни партии содржи 50 анализирани и коментирани партии од кариерата на Нимцович.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]