Прејди на содржината

Раул Дифи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Податотека:DufyRaoul RegattaAtCowes.jpg
Раул Дифи, Регата код Кова 1934 година Вашингтон- Национална галерија на уметностаi
Гроб на Раул Дифи

Раул Дифи (француски: Raoul Ddufy; Авр, 3 јуни 1887 година — Форкалкје, 23 март 1953 година) бил значаен Француски сликар, графичар, керамичар индустријски уметник.

На почетокот ја посетувал вечерната уметничка школа во Авр додека не добил стипендија од својот роден град за паришка академија во Екол де бозар (јазик француски|École des Beaux-Arts|el), а потоа бил во атељето Леона Воната. Во првите почетоци своите дела ги работел под влијание на импресионисти. Прешол од импресионистички почетоци во фозизам, а потоа и во кубизам и го изградил својот стил на модерен реалистички израз.

Една слика на Анри Матис го окренула и го заинтересирала за фовизам. 1909 година со својот пријател и колега го посетил Емил Отон Фриком Минхен и западнал под влијание на Пол Сезан.

Бидејќи не можел да живее од сликарството, се занимавал и со керамика, дрворези и предлагал таписерии. Само кога од средината на 1920 година и после 1937 година го променил својот стил и прешол од еден лесен и елегантен стил во еден впечатлив и монументален стил тој се доживувал со признание и уживање. Тој за Париската светска изложба 1937 година за павиљонот на светлоста и електрицитетот (-{Paviljion de la Lumiere}-) изработил и насликал слика од големина од 600 –{m²} и тогаш најголема слика на светот.

Дифи е сликар од сончевиот југ, плажи, борови и убавините на женското тело, и како декоратер се прославил со предлозите за декорација на момументални јавни објекти. После неговата смрт 1953 година неговите слики биле прикажувани на Документа Касел (докимент 1, документ 2 и документ 3) и во Германија.

  • 14.јул во Авр, 1907 година Приватна збирка - Париз,
  • Jedlilice u Sent Andersi 1912 година Музеј на модерната уметност - Њујорк
  • Во част на Mocart (akvarel), 1915 година, Уметничката академија Албреј т- Буфало
  • Портрет на Мишел Бинјун, 1934 година, Збирка на Мишел Бинју - Париз
  • Регате во Довил, збирка на Пјер Лерви-Троа
  • Askout (akvarel), [[1931] година. Збирка на др Рудинска - Париз
  • Концерт на Моцарт, 1948 година Приватна збирка - Швајцарија
  • Црн карго, 1952 година Приватна збирка - Париз

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. PSN Čekoslovenska akademia vied, Praha 1966.
  2. Istorija umetnosti, Nolit, Beograd 1973.
  3. Mayers Lexikon - ONLINE,
  4. de Wikipedia

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]