Кревање тегови на Летните олимписки игри 2012 — до 62 кг за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кревање тегови на
Летните олимписки игри
2012

Мажи Жени
  56 кг     48 кг  
62 кг 53 кг
69 кг 58 кг
77 кг 63 кг
85 кг 69 кг
94 кг 75 кг
105 кг +75 кг
+105 кг

Натпреварувањето во кревање тегови во категорија до 62 кг во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2012 се одржа на 30 јули во Ексел Центарот во Лондон.[1]

Учествувале вкупно 15 натпреварувачи од 14 држави.[2]

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Секоја дисциплина во овој спорт се состои од два дела.

Во првиот дел тегот се крева во еден потег од земјата до над глава, а во другиот дел, најчесто со поголеми тежини, тегот се крева до над колена со еден потег при што кревачот најчесто се спушта на колена да би си олеснил себеси, а потоа повторно крева на рамења, повторно спуштајќи се кон земјата и практично го крева тегот со помош на нозете, и на крајот во вис, повторно со помош на нозете.

Секој натпреварувач има по три обиди во двата начини на кревање. [3]

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите саатници се по Британско летно време (UTC+1)

Датум Време Рунда
Понеделник, 30 јули 2012 10:00 Финале Б
Понеделник, 30 јули 2012 19:00 Финале А

Рекорди[уреди | уреди извор]

Пред натпреварувањето светските и олимписките рекорди беа:

Светски рекорд Еден потег  Ши Жијонг (CHN) 153 кг Измир, Турција 28 јуни 2002
Постепено  Ли Маошенг (CHN) 182 кг Пусан, Јужна Кореја 2 октомври 2002
Вкупно  Жанг Џи (CHN) 326 кг Каназава, Јапонија 28 април 2008
Олимписки рекорд Еден потег  Ши Жијонг (CHN) 152 кг Атина, Грција 16 август 2004
Постепено  Жанг Жиангжијанг (CHN) 176 кг Пекинг, Кина 10 август 2008
Вкупно  Николај Пешалов (CRO) 325 кг Сиднеј, Австралија 17 септември 2000

Резултати[уреди | уреди извор]

Место Натпреварувач Група Еден потег (кг) Постепено (кг) Вкупно
1 2 3 Резултат 1 2 3 Резултат
 Ким Ун Гук (PRK) A 145 150 153 153 170 174 174 174 327
 Оскар Фигуероа (COL) A 137 140 142 140 177 177 177 177 317
 Еко Јули Ираван (INA) A 138 142 145 145 168 168 172 172 317
4  Жанг Џи (CHN) A 140 145 145 140 174 178 178 174 314
5  Курсит Атак (TUR) A 130 134 134 130 166 166 172 172 302
6  Умурбек Базарбајев (TKM) A 135 135 139 135 162 165 167 167 302
7  Махамад Хазби (INA) Б 130 135 138 138 163 171 171 163 301
8  Ерол Билгин (TUR) A 135 139 140 140 165 165 169 165 300
9  Ахмед Саад (EGY) Б 125 130 130 130 158 162 165 162 292
10  Мануел Мингинфел (FSM) Б 122 127 130 127 158 158 158 158 285
11  Жулио Саламанка (ESA) Б 110 115 115 110 150 150 155 150 260
12  Туау Лапуа Лапуа (TUV) Б 104 108 111 108 126 131 135 135 243
13  Чарлс Шекааја (UGA) Б 100 105 108 105 130 135 140 130 235
14  Стевик Патрис (PLW) Б 100 104 108 104 125 130 132 130 234
15  Ји Хун Мин (KOR) A 135 140 142 135 162 165 165 DNF

Освојувачот на златниот медал од Северна Кореја, Ким Ун Гук, постигна нов Олимписки рекорд од 153 килограми во кревање со еден потег, како и нов Светски рекорд во вкупниот резултат. Колумбиецот Оскар Фигуероа постигна нов Олимписки рекорд од 177 килограми во постепено кревање.

Наводи[уреди | уреди извор]