Кревање тегови на Летните олимписки игри 2012 — до 77 кг за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Olympic rings without rims.svg
Кревање тегови на
Летните олимписки игри
2012

Weightlifting pictogram.svg
Мажи Жени
  56 кг     48 кг  
62 кг 53 кг
69 кг 58 кг
77 кг 63 кг
85 кг 69 кг
94 кг 75 кг
105 кг +75 кг
+105 кг

Натпреварувањето во кревање тегови во категорија до 94 кг во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2012 се одржа на 1 август во Ексел Центарот во Лондон. [1]

Учествувале вкупно 13 натпреварувачки од 12 држави.[2]

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Секоја дисциплина во овој спорт се состои од два дела.

Во првиот дел тегот се крева во еден потег од земјата до над глава, а во другиот дел, најчесто со поголеми тежини, тегот се крева до над колена со еден потег при што кревачот најчесто се спушта на колена да би си олеснил себеси, а потоа повторно крева на рамења, повторно спуштајќи се кон земјата и практично го крева тегот со помош на нозете, и на крајот во вис, повторно со помош на нозете.

Секој натпреварувач има по три обиди во двата начини на кревање. [3]

Распоред[уреди | уреди извор]

Сите саатници се по Британско летно време (UTC+01:00)

Датум Време Рунда
Среда, 1 август 2012 12:30 Финале

Рекорди[уреди | уреди извор]

Пред натпреварувањето светските и олимписките рекорди беа:

Светски рекорд Еден потег  Лу Ксиаојун (CHN) 174 кг Гојанг, Јужна Кореја 24 ноември 2009
Постепено  Олег Перепеченов (RUS) 210 кг Тренчин, Словачка 27 април 2001
Вкупно  Лу Ксиаојун (CHN) 378 кг Гојанг, Јужна Кореја 24 ноември 2009
Олимписки рекорд Еден потег  Танер Сагир (TUR) 172 кг Атина, Грција 19 август 2004
Постепено  Жанг Хуганг (CHN) 207 кг Сиднеј, Австралија 22 септември 2000
Вкупно  Танер Сагир (TUR) 375 кг Атина, Грција 19 август 2004

Резултати[уреди | уреди извор]

Место Натпреварувач Група Тежина Еден потег (кг) Постепено (кг) Вкупно
1 2 3 Резултат 1 2 3 Резултат
Gold medal icon.svg  Лу Ксиаојун (CHN) A 76.62 170 175 177 175 195 204 204 204 379
Silver medal icon.svg  Лу Хаојие (CHN) A 76.37 170 175 - 170 190 191 190 360
Bronze medal icon.svg  Иван Камбар (CUB) A 76.70 150 155 160 155 190 194 194 349
4  Чатуфум Чинавонг (THA) A 76.64 157 161 162 157 191 195 195 191 348
5  Ибрахим Рамадан (EGY) A 76.79 150 155 155 155 192 192 197 192 347
6  Андрес Мата (ESP) Б 76.93 145 150 153 150 183 188 190 188 338
7  Кристоф Швариц (POL) A 76.97 150 153 154 150 182 182 189 182 332
8  Феликс Екпо (NGR) Б 76.23 146 151 151 151 180 188 188 180 331
9  Кирил Павлов (KAZ) Б 76.77 138 143 147 147 165 175 175 175 322
10  Џек Оливер (GBR) Б 76.45 135 135 140 140 160 165 170 170 310
11  Тоафиту Периве (SAM) Б 75.95 117 122 125 122 157 163 167 167 289
 Са Јае-Хјук (KOR) A 76.56 158 162 158 DNF

Кинезот Лу Ксиаојун поставил два светски рекорди, првиот од 175 килограми во кревање со еден потег, и вториот од 379 килограми во вкупниот резултат. Лу Ксиаојун планирал да се обиде да крене 177 килограми во кревање со еден потег откако успеал да крене 175 килограми, поставувајќи го светскиот рекорд, но не му било дадена шанса да се обиде во третиот обид поради погрешна комуникација помеѓу неговите тренери и официјалните лица.

Јужно Кореецот Са јае-Хјук бил принуден да се повлече од натпреварувањето откако го изместил лактот при неговиот втор обид во кревање со еден потег.

Кревачот на тегови од Ерменија, Тигран Мартиросјан се откажал од натпреварувањето поради повреда на грбот при загревањето.

Контроверзии[уреди | уреди извор]

Хусен Палаку од Албанија бил исфрлен од игрите откако бил позитивен на забранетиот стероид станозолол.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://archive.is/20120529174424/www.london2012.com/weightlifting
  2. Final entry list
  3. Format competition – Weightlifting
  4. Reuters. "Hysen Pulaku becomes first doping cheat of London Olympics". The Times of India. Архивирано од изворникот на 29 July 2012. Посетено на 28 July 2012.