Игуменица

Координати: 39°29′N 20°16′E / 39.483° СГШ; 20.267° ИГД / 39.483; 20.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Игуменица
Ηγουμενίτσα
Поглед на старото пристаниште
Поглед на старото пристаниште
Игуменица is located in Грција
Игуменица
Игуменица
Местоположба во областа
2011 Dimos Igoumenitsas.png
Координати: 39°29′N 20°16′E / 39.483° СГШ; 20.267° ИГД / 39.483; 20.267
ЗемјаГрција
ОбластЕпир
ОкругТеспротија
Управа
 • ГрадоначалникГиоргос Кацинос
Површина
 • Општина426,6 км2 (1,647 ми2)
 • Општ. един.80,8 км2 (312 ми2)
Најг. вис.&1000000000000001000000010 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.25.814
 • Општ. густина6,1/км2 (16/ми2)
 • Општ. един.17.902
 • Општ. един. густина22/км2 (57/ми2)
Заедница
 • Население9820
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.461 00
Повик. бр.26650
Рег. таб.ΗΝ
Мреж. местоwww.igoumenitsa.gr

Игуменица (грчки: Ηγουμενίτσα), е крајбрежен град во Cеверозападна Грција. Тој е главен град на подрачната единица Теспротија. Неговото оригинално античко име било "Tитани". 670-километарски автопат „Егнатија“, кој е главната артерија на Северна Грција, завршува во Игуменица.

Историја[уреди | уреди извор]

Во антички времиња Игуменица беше познат како Титани, (Gitani, Gitana, Goumani) и беше еден од најважните градови на Кралството Теспротија во текот на 4 век п.н.е., што опфаќа 28 хектари. Обемот на нејзините ѕидови беше 2400 метри. Ѕидовите имаа четири порти. Внатрешните ѕидови, во облик на срп, го делеа градот на половина. Нејзината најважна кула, се наоѓа на врвот на ридот, во облик на круг, и се смета дека била верско светилиште. Ископувањата открија театар со 2.500 седишта и урнатини на два храмови.

Општина[уреди | уреди извор]

Сегашната општина Игуменица беше формирана со реформата на локалната власт во 2011 со спојување на следните 5 поранешни општини, кои стана општински единици (напишани во загради):

  • Игуменица (Агиа Марина, Агиос Власиос, Грекохори, Игуменица, Kaстри, Криовриси, Ладохори, Мавруди, Неа Селефкиа)
  • Маргарити (Елефтери, Картери, Катавотира, Маргарити, Мазаракиа, Месовуни, Спатареи)
  • Парапотамос (Дримица, Героплатанос, Коритиани, Парапотамос)
  • Пердита
  • Сивота (Аргиротопос, Фаскомилиа, Платариа, Сивота)

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Од Патра, Грција до Бриндизи, Италија со ферибот на Hellenic Mediterranean Lines застануваат во Игуменица, влегуваат во Јадранско Море и обратно, како и бродови на Superfast Ferries, ANEK lines и неколку други бродски компании, одат до Анкона, Бари и Венеција во Италија, и обратно. Честo патувања со ферибот има и до Крф.

Егнатија“, отворен во 2009 година и е дел од E90, значително ја подобри врската со Солун и Турција и го скрати времето од и до турската граница за само неколку часа. Меѓу Солун и на турската граница, патот тече повеќе или помалку напоредно на римскиот пат Вија Егнација.

Население во градот[уреди | уреди извор]

Клима[уреди | уреди извор]

Новото пристаниште во градот

Просечните врнежи во Игуменица се околу 1100 мм. За споредба во Атина е само 380 мм; на Крит е 640 мм, а во Јанина 1300 мм.

Ова е табела на просечните температури на коппното и морето во 2005 г.

Mесец Копно Море
јануари 12 °C 16 °C
февруари 9 °C 15 °C
март 14 °C 16 °C
април 16 °C 17 °C
мај 22 °C 19 °C
јуни 25 °C 22 °C
јули 28 °C 24 °C
август 27 °C 25 °C
септември 25 °C 24 °C
октомври 20 °C 23 °C
ноември 18 °C 20 °C
декември 13 °C 17 °C

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.