Прејди на содржината

Иги Поп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иги Поп
Iggy Pop performing at Pinkpop (1987)
Животописни податоци
Родено имеJames Newell Osterberg, Jr.
Роден(а)21 април 1947
Мускегон, Мичиген, САД
Жанровипанк-рок, прапанк, гаражен рок, глам-панк, шок-рок, глам-рок, хард рок
Занимањакантавтор, музичар, глумец
Инструментивокалист, гитарист, клавијатурист, тапанар
Период на активност1962—
ИздавачиVirgin, RCA, Elektra
СоработнициThe Stooges, The Trolls, The Nymphs, The Iguanas, Slash, David Bowie, Deborah Harry, Blondie, Sum 41
Мреж. местоIggy & The Stooges Official Website

Џејмс Њуел Остерберг помладиот (англиски : James Newell Osterberg, Jr ; 21 април 1947), попознат под уметничкото име Иги Поп (Iggy Pop) — американски рок-пејач, текстописец и повремено глумец. Бил пејач и текстописец на прото-панк групата The Stooges, основана во 1967 година по што многупати се распаѓале и се обединувале.[1] Иако има ограничен комерцијален успех, Иги Поп се смета за еден од најважните основачи на панк рок музиката. Понекогаш го нарекуваат и кум на панкот,[2][3] а познат е како еден од најдинамичните рок изведувачи на сцената.[4]

Во 2010 година, како член на Stooges, бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2020 година, Иги Поп добил Греми награда за животно дело.[5]

Влијанието на Иги Поп

[уреди | уреди извор]

Голем број рок-музичари го наведуваат Иги Поп како свој идол или инспирација. На пример, на својот прв албум, објавен во 1980 година, хрватската група „Азра“ ја снимила песната со наслов „Iggy Pop“.[6]

Албумот на The Stooge, Raw Power, се покажал како влијателен врз музички групи како: Sex Pistols,[7] the Smiths[8] и Nirvana.[9] Многу пост-панк, електронски и индустриски музичари навеле дека црпеле инспирација од неговиот солистички албум The Idiot, меѓу кои се: Depeche Mode, Nine Inch Nails и Joy Division, [10] а Сиукси Сиукс го опишала како „повторна потврда дека нашите сомнежи беа вистинити: човекот е гениј“.[11]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  1. „The Stooges Reuinion at Coachella 2003“. iggypop.org. Посетено на December 27, 2014.
  2. "But somewhere between his last album, "Naughty Little Doggie", and his latest one, "Avenue B", the godfather of punk turned 50 ...", in Christman, Ed (August 7, 1999), „Iggy Pop opens a 'window into the soul' on Virgin's contemplative 'Avenue B'“, Billboard, 111, стр. 14, ISSN 0006-2510
  3. "Looking remarkably healthy for a man who nurtured a world-class drug habit for many years, the "Godfather of Punk" Iggy Pop is set to close the Other Stage on Saturday night." in „Godfather of punk still has lust for life“, Western Daily Press, стр. 30, June 5, 2007
  4. Frater, Patrick (May 16, 2007). „Wood to star as Iggy Pop“. Variety.
  5. Празен навод (help)
  6. „AZRA LYRICS, Iggy Pop Lyrics (пристапено на 12.1.2017)“. Архивирано од изворникот на 2013-08-26. Посетено на 2017-01-12.
  7. Празен навод (help)
  8. Hodgkinson, Will; Petridis, Alexis (March 11, 2010). „The world was not ready for Iggy and the Stooges“. The Guardian. Посетено на February 16, 2018.
  9. „Top 50 by Nirvana [MIXTAPE]“. Посетено на May 8, 2013.
  10. Pegg, Nicholas (2000). The Complete David Bowie (англиски). Reynolds & Hearn. ISBN 978-1-903111-14-7.
  11. „Classic Albums: Iggy Pop – The Idiot“. Clash. March 16, 2012. Посетено на August 17, 2019.