Ештон Кучер
Ештон Кучер | |
---|---|
Ештон Кучер, септември 2008 | |
Роден(а) | Кристофер Ештон Кучер |
Занимање | Глумец |
Активен | 1998 – сè уште |
Сопружник | Деми Мур (2005 - сè уште) |
Кристофер Ештон Кучер (англиски: Christopher Ashton Kutcher) (роден на 7 февруари 1978), добро познат како Ештон Кучер, е американски глумец и поранешен модел, најмногу познат по улогата на Мајкл Келсо, во комичната серија Луди седумдесетти. Тој е автор, извршен продуцент и домаќин на позната серија за исмејување на познати личности на MTV наречена Наместени - Pank'd. Познат и по улогите во филмовите Брат, каде ми е колата? , Штотуку венчани, Ефект на пеперутка, Чуварот и Што се случува во Вегас.... Исто така продуцент и соавтор на натприродната ТВ серија Соба 401 и реалното ТВ шоу Убавицата и бубалицата. Оженет со глумицата Деми Мур.
Животен пат
[уреди | уреди извор]Ештон Кучер е роден во Cedar Rapids, Iowa, син на Лери и Дијана, кои биле работници во фабрика. Според потеклото на мајка му, тој е ирец. Качер има постара сестра, Тауша, и брат близнак, Мајкл, на кого му било извршено пресадување на срце, кога браќата биле мали. Детството на Качер било сурово и тој работел многу несекојдневни работи, како дрводелство и други работи поврзани со животот на фарма.
Ештон го посетувал скоро една година средното Вашингтонско школо во Сидар Рапидс, Ајова, кога неговото семејство се преселило во Тифин, па таму го продолжил школувањето. Освен тоа, тој играл во фудбалски тим и се појавувал и на училишните натпревари. Во меѓувреме неговиот живот дома бил стресен. Тој изјавувал "Јас не сакам да се вратам дома и да дознаам уште нови лоши работи за брат ми" и "Ќе бидам презафатен, што ќе немам време да чувствувам". "[1] Ештон признава дека како тинејџер размислувал да изврши самоубиство. На 13 години, тој се обидел да се фрли од балконот на некоја болница, но бил спасен од татко му во последен момент.[2] Во меѓувреме, неговите родители се разведуваат. Подоцна, тој провалува во средното училиште со неговиот братучед, со намера да крадат пари, но биле фатени пред да го напуштат школото. Кучер бил осуден за кражба од трет степен, 3 години условна казна и 180 часа социјална служба. Тој изјавува дека поради ова искуство, ја загубил девојката и школарината од колеџот. Потоа го продолжил школуванјето на универзитет во Ајова, во одделот за биохемиско инжинерство, мотивиран од желбата да најде лек за срцето на брат му. Но не земал диплома. Бил избркан поради тоа што бил многу див и кревал многу врева.[3] Подоцна донирал крв за пари.[4] За време на студирањето Качер бил регрутиран за натпревар на модели наречен "Нови лица од Ајова". Откога бил прогласен за прв, добил патување во Њујорк и учество во меѓународен избор на модели и таленти. По изборов Качер се враќа дома и потоа заминува во Лос Анџелес во потрага по филмска кариера.
Кариера
[уреди | уреди извор]По учеството во меѓународен избор на модели и таленти во 1998 година, Ештон влегува во нова агенција за модели во Њујорк и се појавува во реклами за Келвин Клајн во Париз и Милано. После одреден успех во моделството, Ештон се сели во Лос Анџелес и по првата негова аудиција ја добива улогата на Мајкл Келсо во комичната серија Луди седумдесетти, која дебатира во 1998 година, а завршува во 2006. Подоцна продолзува да глуми во повеќе комедии како Брат, каде ми е колата? (2000), Штотуку венчани (2003) и Погоди кој (2005). Потоа се појавува во семејниот филм Поевтино за десетина глумејќи како самообседната личност. Улогата во филмот Ефект на пеперутка (2004), за Качер била невообичаена и драматична, глумејќи збинет млад дечко кој се заљубува во девојќа. Филмот добива многу различни критики, но е запамтен по многуте продатени карти. Во 2003 Ештон како продуцент и домаќин, ја започнува својата емисија на MTV, наречена Наместени. Емисијата е всушност скриена камера, каде ги снимаат само познатите личности. Качер е одлицен продуцент и на реалните телевизиски емисии Убавицата и бубалицата и Авантурите во Холивуд, како и емисијата за игри Можностите удираат. Многу од неговите продуцентски кредити доаѓаат од продуцентската компанија Каталист Филмс, која тој ја основа заедно со неговиот партнер Џејсон Голдберг.[5] Поради повеќето конфликти со филмот Чуварот, Ештон бил форсиран да не ја продолжува неговата улога во осмата и последна сезнона на комичната серија Луди седумдесетти, па поради тоа се појавува само во првите 4 епизоди (како специјален гостин) и се враќа само за крајот на серијата. Кучер е дел од менаџерскиот тим за Уома(бизнис за гласот преку итернет протоколите), како креативен директор. Инспириран од ова тој ја проширува неговата продуцентската компанија Каталист Филмс со дел наречен Каталист медиа, исто со неговиот партнер. Нивна прва работа во овој дел е анимиранито цртан филм наречен Девојките Бла Бла.[6]
Следна негова работа, е да биде продуцент, а истовремено и глумец во акционата комедија Петте убијци, во која тој ќе глуми платен убиец.[7]
Тој е моментално заштитно лице на Пепе фармерките во Лондон
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Кучер бил во врска со Џ. Џоунс (од 1998 до 2001), со Ешли Скот (од 2001 до 2002), со Монет Мазур (2002) и со Бритни Марфи (од 2002 до 2003). Одма по разделувањето со Бритни Марфи во почетокот на 2003 година, тој ја започнува својата врска со Деми Мур, најмногу коментирана поради нивната разлика од цели 15 години.[8] Мур и Кучер стапуваат во брак на 24 септемвпи 2005. Венчавката била приватна и мала, со само 100 гости (нивни пријатели и роднини, вклучувајќи го и поранешниот сопруг на Мѕр Брус Вилис).[9] Кучер почнува да инвестира во италијански ресторант, наречен Долче и во ланецот јапонси ресторанти, наречен Куќата на Гејша, сместени во Атланта и Лос Анџелес. Кучер е исто така жесток поддржувач на Чикаго пивата. Поранешната девојка на Качер, Ешли Елирин (22 години, фешн модел), е пронајдена избодена до смрт, во нејзиниот апартнам во Холивуд, во февруари 2001.[10] Неколку часа пред да биде пронајдено нејзиното мртво тело, Кучер го посетил нејзиниот дом, со цел да ја земе со себе на 43тите по ред Греми Награди, но никој не му отворил. Качер погледнал во нејзиниот апартман од задниот прозор и видел црвени дамки на подот, но помислил дека се само дамки од црвено вино и си заминал. Нејзиното тело било пронајено после неколку часа од нејзина другарка. Одкога ја слушнал веста, Ештон веднаш ја посетил полициската станица за да ја понуди својата помош во истрагата. Во август 2008, полицијата открива дека нејзиниот убиец е Мајкл Г. познат како Санта Моника, кој бил обвинет за убиства уште на три други жени.[10]
Филмографија
[уреди | уреди извор]Филмска кариера
Година | Филм | Улога |
---|---|---|
1998-2005, 2006 | Луди седумдесетти | Мајк Келсо |
1999 | Доаѓа наскоро | Луј |
2000 | Блиску до тебе | Џим Морисон |
Играта на ирвасот | Детето од колеџот | |
Брат, каде ми е колата? | Џеси Монтгомери III | |
2001 | Само убиј ме | Дин Кесиди |
Рејнџерите од Тексас | Џорџ Дурхам | |
2002 | Казнет за живот | Братучетот Скот |
2003-2007 | Наместени | Ештон Кучер |
2003 | Штотуку венчани | Том Лизак |
Ќерката на мојот шеф | Том Стенсвил | |
Поевтино за десетина | Ханк | |
2004 | Ефект на пеперутка | Ејвн Треборн |
2005 | Погоди кој | Симон Грин |
Повеќе како љубов | Оливер Мартин | |
Робот кокошка | само глас | |
2006 | Полицаец | рибар |
Чуварот | Џејк Фишер | |
Отворена сезона | Елиот | |
2008 | Госпоѓица Управителка | Бакс |
Што се случува во Вегас | Џек Фулер | |
2008/2009 | Персонални ефекти | Волтер |
2009 | Простирање | Ники |
Пет убијци |
Продуцентска кариера
Година | Наслов | Епизода | |
---|---|---|---|
2003-2007 | Наместени | 69 епизоди | |
2003 | Ќерката на мојот шеф | ||
2004 | Ефект на пеперутка | ||
Ти имаш пријател | 8 епизоди | ||
2005-2008 | Убавицата и бубалицата | 36 епизоди | |
2007 | Авантурите во Холивуд | 8 епизоди | |
Госпоѓица Управителка | |||
Играње во мојата глава | |||
The real wedding crasher | 7 епизоди | ||
Соба 401 | 8 епизоди | ||
2008 | Поп приказна | ||
2008-2009 | Можностите чукаат | ||
2009 | Пет убијци | пре-продукција | |
Простирање |
Награди
[уреди | уреди извор]- Избор за детски награди
- 2004 - Омилен глумец за Штотуку венчани, Ќерката на мојот шеф, Поевтино за десетина - номиниран
- 2005 - Омилен ТВ глумец за Луди седумдесетти и Наместени - номиниран
- 2007 - Омилен глас во цртаните филмови - номиниран
- 2004 - Омилен ТВ глумец за Луди седумдесетти и Наместени
- Награди за филмското критичко општество во Лас Вегас
- 2000 - најдобар машки дебитант за Брат, каде ми е колата? - номиниран
- MTV филмски награди
- 2001 - најдобро машко пробивање за Брат, каде ми е колата? - номиниран
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „USA Weekend“. Profile: Ashton's great balancing act. Посетено на 2006. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ „Hollywood.com“. Profile: Ashton Kutcher Contemplate. Архивирано од изворникот 2005-04-14. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ Meers, Erik (2001). "Dude - He's a star." Papermag.com Accessed 6 октомври 2006.
- ↑ Weitzman, Elizabeth (March 2000). „Kutcher in the Rye“. Interview. Архивирано од изворникот на 2008-03-12. Посетено на 2007-02-02.
- ↑ "Two New Producers, Lots of New Projects." New York Times. 23 април 2007.
- ↑ http://www.blahgirls.com
- ↑ "Ashton Kutcher to Shoot Five Killers." Архивирано на 7 август 2011 г. TV Guide. 22 октомври 2008. Пристапено на 24 октомври 2008.
- ↑ „San Francisco Chronicle“. Guardian serves Kutcher very well. Архивирано од изворникот на 2009-04-30. Посетено на 2006. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - ↑ "usatoday906">. „Changing of the 'Guardian'“. USA Today. Посетено на 2006-09-30.
- ↑ 10,0 10,1 Hoag, Christina (2008-08-29). „Police: DNA links man to slaying of Kutcher's ex“. Associated Press. Архивирано од изворникот 2009-04-29. Посетено на 2008-08-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ештон Кучер“ на Ризницата ? |
- Ештон Кучер на Twitter
- Ештон Кучер на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|