Луди седумдесетти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луди седумдесетти
That '70s Show
Лого
Жанрситком
Создадена одМарк Бразил
Бони и Тери Турнер
УлогиТопер Грејс (1998–2005)
Мила Кунис
Ештон Кучер (1998–2005)
Дени Мастерсон
Лора Припон
Вилмер Валдерама
Дебра Џо Руп
Куртвуд Смит
Тања Робертс (1998–2001)
Дон Старк
Лиса Робин Кели (1998–2001)
Томи Чонг (2001–2002, 2005–2006)
Џош Мејерс (2005–2006)
Воведна тема"That '70s Song (In The Street)" од Чип Трик & Бен Ван
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони8
Бр. на епизоди200
Прикажување
Првична мрежафокс
Првично прикажување23 август 1998 – 18 мај 2006
Надворешни врски
Мрежна страницаthat70sshow.com

Луди седумдесетти (англиски: That '70s show) е американска комедија за една група тинејџери кои живеат во Поинт Плејс, Висконсин, од 17 мај 1976 до 31 декември 1979. Премиерата беше на 23 август 1998, а последната епизода на 18 мај 2006. Оваа серија успешно ја започна кариерата на младите ѕвезди кои глумат во неа, кои пред тоа биле непознати. Кај нас, серијата се емитува на телевизија Сител.

За серијата[уреди | уреди извор]

Луди седумдесетти е измислена од творците на Третиот камен од сонцето, Бони и Тери Турнер, и писателот Марк Бразил. На почеток било планирано да се вика Teenage Wasteland.

Серијата е оригинално емитувана на телевизијата FOX. Поради добрата гледаност на првата сезона, во февруари 1999, FOX нарача и втора, а до септември веќе ја беше обновил и за уште две нови сезони. И покрај повеќето променети термини во текот на своето прикажување, серијата го одржа својот успех за уште четири сезони.

Осмата сезона е последна сезона на серијата. Последната епизода е снимена на 17 февруари 2006, и е наречена „Крајот на седумдесеттите“.

Ликови[уреди | уреди извор]

Сместена во Поинт Плејс, Висконсин, Луди седумдесетти ги следи животите на тинејџерите Ерик Формен (Топер Грејс) и неговите пет пријатели: Дона Пинчиоти (Лора Припон), неговата девојка и соседка, Стивен Хајд (Дени Мастерсон) бунтовник кој е посвоен од стана на Форменови и живее во нивниот подрум; Мајкл Келсо (Ештон Кучер) е тој кој мисли дека е најубавиот во целиот универзум, всушност тој е и најглупавиот; Џеки Буркхарт (Мила Кунис) е обседната со нејзината коса и се грижи само за себе; и Фез (Вилмер Валдерама). Вистинското име на Фез е тешко за изговор, па неговите пријатели го викаат Фез (Foreign Exchange Student (Странски студент на размена)).

Во оваа група се појавуваат многу врски. Главната е онаа на Ерик и Дона, кои се најодговорните во групата, а нивен контраст се Келсо и Џеки, кои често се – не се заедно, а се опседнати еден со друг.

Други ликови се Ред Формен (Куртвуд Смит), таткото на Ерик, Кити (Дебра Џо Руп) мајка му, и Лори Формен (Лиса Робин Кели, 1998-2003 и Кристина Мур, 2003-2004) постарата сестра на Ерик. Исто така присутна е и врската меѓу Миџ и Боб Пинчиоти (Тања Робертс и Дон Старк), родителите на Дона. Редовно се појавува и Томи Чонг во улога на Лео, кој е хипи, и поседува фото студио.

Глумец/Глумица Име на ликот Години во кои редовно се појавува Број на епизоди
Топер Грејс Ерик Формен 1998–2005 181 епизода
Лора Припон Дона Пинчиоти 1998–2006 200 епизоди
Дени Мастерсон Стивен Хајд 1998–2006 200 епизоди
Ештон Кучер Мајкл Келсо 1998–20051 184 епизоди
Мила Кунис Џеки Буркхарт 1998–2006 200 епизоди
Вилмер Валдерама Фез 1998–2006 200 епизоди
Куртвуд Смит Ред Формен 1998–2006 200 епизоди
Дебра Џо Руп Кити Формен 1998–2006 200 епизоди
Дон Старк Боб Пинчиоти 1998–2006 178 епизоди
Тања Робертс Миџ Пинчиоти 1998–20012 62 епизоди
Лиса Робин Кели Лори Формен 1999–20013 46 епизоди
Томи Чонг Лео Клингвејк 2001–2002, 2005–20064 50 епизоди
Кристина Мур Лори Формен 2003-20045 6 епизоди
Џош Мејерс Ренди Пирсон 2005–2006 22 епизоди

1. Беше присутен како гостин во осмата сезона (2005-2006).

2. Беше присутна како гостин во шестата сезона (2003-2004).

3. Беше присутна како гостин во првата и петтата сезона.

4. Беше присутен како гостин во првата и третата сезона.

5. Ја заменува Лиса Робин Кели како Лори Формен.

Насловна тема[уреди | уреди извор]

Шоуто започнува со песната "In The Street", а исто така е позната како "That '70s Song". Песната е од Алекс Чилтон и Крис Бел од групата Big Star. Во првата сезона песната ја пее Тод Грифин, но во втората сезона ја изведува групата Чип Трик.

Според Официјалното мрежно место на Луди 70-ти Архивирано на 11 мај 2011 г. Дени Мастерсон (Стивен Хајд) вика "Hello Wisconsin!" во првата сезона, а Рик Нилсен (гитарист на групата Чип Трик) во сите останати сезони.

Текст:
Hanging out. Down the street.
The same old thing, we did last week!
Not a thing to do, but talk to you!
We're all alright! We're all alright!
Hello Wisconsin!!

Надворешни врски[уреди | уреди извор]