Ерафајекидл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерафајекидл
Поглед на Ерафајекидл.
Највисока точка
Надм. вис.2,109.6 метарs (6,921 ст) на Кванаталсхнукир[1]
Истакнатост2,109.6 метарs (6,921 ст) на Кванаталсхнукир
Координати64°00′N 16°39′W / 64.000° СГШ; 16.650° ЗГД / 64.000; -16.650
Географија
Ерафајекидл на карта

Карта

МестоИсланд
Матичен венецСредноатлански гребен
Геологија
Старост на карпатаПлеистоцен
Видстратовулкан
Последен избув1727 до 1728

Ерафајекидл (исландски: Öræfajökull) — вулкан во југоисточен Исланд покриен со мраз. Најголемиот активен вулкан и највисок врв во Исланд со 2110 метри кој се наоѓа во Националниот Парк Ватнајекидл и покриен е со ледникот.

Кванаталсхнукир, највисокиот врв на Ерафајекидл.

Опис[уреди | уреди извор]

Сместен во југоисточен Исланд на околу 200 милји од главниот град, Рејкјавик, вулканот се наоѓа под Ватнајекидл, најголем ледник во Европа. Неговата ерупција во 1362 била најексплозивната ерупција од населувањето на Исланд, дури и поексплозивна од онаа на планината Везув која во 79 година го уништила градот Помпеја.[2]

Ерафајекидл се наоѓа во јужниот крај на ледникот Ватнајекидл и со поглед на обиколницата помеѓу Хепн и Вик. Тоа е најголемиот активен вулкан во земјата, а на северозападниот гребен на највисокиот кратер е Кванаталсхнукир, највисокиот врв во Исланд со 2110 метри надморска височина . Географски гледано, Ерафајекидл се смета за дел од Ватнајекидл и површината покриена со ледникот е во граница на Националниот Парк Ватнајекидл.

Активност[уреди | уреди извор]

Ерафајекидл избувнал двапати во историските времиња, во 1372 и 1728.

Ерупција во 1372 [уреди | уреди извор]

Во 1362, вулканот избил експлозивно,[3] со огромни количини на тефра која била исфрлена. Областа на Литла-Херад била уништена од поплави и падната тефра. Повеќе од 40 години поминале пред луѓето повторно да ја населат областа, која станала позната како Ерефи. Името буквално значи област без пристаниште, но на исландски тоа значи пустелија.

Ерупција во 1728 [уреди | уреди извор]

Една ерупција во август 1727-28 била помала отколку во 1372, иако со поплавите се знае дека биле предизвикани од три смртни случаи.

Активност во 2017 [уреди | уреди извор]

Зголемена земјотресна активност во форма на мали потреси кои се движат од длабочина од 1,5 - 10 километри под самитот кратер, започнале во август 2017 според Исландската метеоролошка канцеларија. На почетокот на декември забележани биле 160 мали земјотреси и депресија во снегот од 72 стапки што покажува вулканска активност.

Алармот бил подигнат на жолто на 17 ноември 2017, по појавата на подледничка ерупција во внатрешноста на главниот кратер и зголемување на геотермална активност под ледникот[4].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Hvannadalshnukur". Summitpost.com. Retrieved 2013-08-09.
  2. „Iceland's Most Dangerous Volcano Appears to Be Waking Up, Prompting Officials to Raise Alert | The Weather Channel“. The Weather Channel (англиски). Посетено на 2017-12-09.
  3. „The 1362 AD Öræfajökull eruption, Iceland: Petrology and geochemistry of large-volume homogeneous rhyolite“. www.sciencedirect.com. Посетено на 2017-12-09.
  4. „The latest on Iceland's Oraefajokull volcano and whether it will erupt“. The Sun (англиски). 2017-12-08. Посетено на 2017-12-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Патот за Ерафајекидл, со приод од западната страна, ноември 2007. Два ледника можат да се видат: Скафтафелсјекидл (лево) и Свинафелсјекидл (десно).