Венето
Венето (италијански: Veneto) — една од дваесетте региони во Италија. Се наоѓа во североисточниот дел на земјата. Главен град е Венеција, а познати градови се и Верона, Падова и Виченца. Венето спаѓа во најголемите и најразвиените италијански покраини. Исто така, Венето со светски познатата Венеција е една од туристички најпосетените области во светот со преку 60 милиони туристи годишно.
Географија
[уреди | уреди извор]Венето е североисточна покраина на Италија со кратка државна граница кон Австрија на север. На исток, покраината Венето излегува на Јадранско Море. Од другите страни се наоѓаат следните италијански покраини:
- североисток: Фурланија-Јулиска Краина
- југ: Емилија-Ромања
- запад: Ломбардија
- северозапад: Трентино-Јужен Тирол
Природни одлики
[уреди | уреди извор]Површината на покраината е 18.391 км2 и според ова Венето е една од најголемите италијански покраини. Релјеф: Во рамките на Венето се разликуваат неколку природни целини во правец југ - север. Јужниот дел е рамничарско подрачје покрај северниот брег на Јадранско Море и реката По. Тоа е источниот дел од Падската Низина. Овој дел зазема околу 2/3 од површината на покраината и тука се одгледува жито и зеленчук. Северниот дел е претежно планински во рамки на Алпите со неколку населени долини. Тоа е сточарско подрачје, единствено во долините се развиени останатите видови на полјоделство. Клима: Климата во покраината Венето е изменето средоземна клима со значително влијание од континенталниот Север. Според тоа, зимите се поостри, а летата поблаги од другите делови на Италија. Овој судар на климата се отсликува и со многу силни ветрови. Во повисоките краеви климата е повеќе континентална, а на планините владее планинска клима.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Венето е поделен во 7 окрузи, односно провинции со истоимените градови како управни центри:
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1866 година дошло до припојување на Венеција и централната област на Млетачка република кон новооснованата Италија. Во истиот период е основана покраината Венето. Меѓутоа, новата власт не доживеала пораст. Дури се вршени и негативни работи како доселување на луѓе од други краеви и спречување на развојот на Венецијанскиот дијалект. Поради тоа, во првата половина на XX век почнало масовно иселување во странство. Додатно оптоварување биле и двете светски војни, кои оставиле трага и на подоцнежните децении.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Венето има преку 5 милиони жители и е една од најнаселените покраини во Италија. До пред неколку децении тој број беше во опаѓање или стагнирње, но со брзиот развој на покраината во последните децении се зголемил за околу 20%.
Густината на населеност е околу 270 ж./км2, што е повеќе од државниот просек (200 ж./км2). Рамничарскиот дел на покраината е значително погусто населен од северниот, алпски дел. Посебно е густо населена економската зона на покраината, линијата Верона - Виченца - Падова - Венеција.
Надворешно врски
[уреди | уреди извор]- Мапа на Венето Архивирано на 13 април 2009 г.
- Фотографии од Венеција Архивирано на 20 јануари 2021 г.
|