По (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
По
Земја Италија, Швајцарија, Франција
Слив
Устие 0
Големина на сливот  км2
Физички особености
Должина 652 м
Речното подрачје на По
Стар железен мост на По во Кремона

По (италијански: Po, латински: Padus или Eridanus) е река што тече на исток преку северниот дел на Италија. Долга е 652 км (или 682 км ако се вброи притоката Мајра) и извира од северозападните падини на планината Монвизо во Котиските Алпи и тече низ устие што навлегува во Јадранското Море кај Венеција. Сливното подрачје пофаќа вкупно 74.000 км², од кои 70.000 ѝ припаѓаат на Италија. Од подрачјето во Италија, 41.000 км² се планински, а 29.000 се рамничарски.[1] По е најдолга река во Италија, а во најширокиот дел има пречник од 503 м.[2] Течението го следи 45-тиот северен напоредник.

Реката тече низ разни важни градови како што се Торино, Пјаченца и Ферара. Поврзана е со Милано со мрежа од канали во чие осмислување учествувал Леонардо да Винчи. При крајот на течението, По образува широко устие со стотици мали канали. На јужниот дел до устието се наоѓа местото Комакјо, познато по одгледувањето на јагули. Долината на По влегувала во римската провинција Кисалпска Галија и ја делела на две територијални целини.

По е позната по честите и големи поплави. Затоа денес над половината од течението се регулира со насипи.[2] Наклонот на долината се намалува од 0,35% на запад на 0,14% на исток, што е прилично низок степен. Долж реката има 450 езера.[1]

Притоки[уреди | уреди извор]

Реката По има вкупно 141 притоки.[2] Гледано низводно, тука спаѓаат (Д = десни, Л = леви):

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]