Усноцветни
Усноцветни | |
---|---|
![]() | |
Лимонова трева (Melissa officinalis) | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiospermae |
Нерангирано: | Eudicotidae |
Нерангирано: | Asterids |
Ред: | Lamiales |
Семејство: | Lamiaceae Lindley |
Родови | |
во текстот |
Усноцветни (науч. Lamiaceae или Labiatae) — семејство на растенија која се состои од околу 210 родови и околу 3500 видови. Порано се сметало дека е во блиско сродство со Verbenaceae, но неколку скорешни филогенетски истражувања покажале дека многубројните родови класифицирани во Verbenaceae припаѓаат во Lamiaceae, така што најкарактеристичните родови од Verbenaceae не се во блиско сордство со оние од Lamiaceae, а се најблиски сродници со другите членови на редот на усноцветовидните (Lamiales).
Морфолошки одлики[уреди | уреди извор]

Растенијата од оваа фамилија најчесто се ароматични и се претставени со нашироко користени зачински билки (како босилекот, нането, рузмаринот, жалфијата, чубрицата, мајораната, ориганото, мајчината душичка, лавандата и перилата). Некои се грмушести видови, но ретки се дрвјата и лијаните. Многу членови на фамилијата се нашироко култивирани, што се должи не само на нивните ароматични квалитети, туку и на лесното одгледување: овие растенија се меѓу оние кои најлесно се размножуваат со резници од стеблото. Одредени видови се одгледуваат како декоративни растенија, како колеусот на пример. Други се одгледуваат за исхрана, и тоа најмногу поради семињата (како Salvia hispanica).
Првичното име на фамилијата е Labiatae, кое е дадено како резултат на тоа што цветовите кај овие растенија најчесто имаат венечни ливчиња споени во горна и долна усна (labia на латински значи усна). Меѓутоа, во почеста употреба е името Lamiaceae.
Листовите се наспрамни, при што секој пар на листови од едно членче дава извиткан изглед. Стеблата се најчесто квадратни на напречен пресек, но ова својство не се среќава кај сите членови на фамилијата, а понекогаш се среќава кај претставници од други фамилии.
Цветовите се билатерално симетрични, со 5 споени чашкини и венечни ливчиња. Тие се најчесто хермафродитни.
Родови[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Watson и Dallwitz Архивирано на 3 јануари 2007 г.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Lamiaceae Архивирано на 3 јануари 2007 г. во L. Watson и M.J. Dallwitz (1992 наваму). Фамилии на цветници: описи, илустрации, информации Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- Детален опис на фамилиите на цветни растенија Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- Слики од Lamiaceae
- Фамилијата Lamiaceae Архивирано на 27 јули 2008 г. Цвеќиња во Израел
|