Call of Duty: Black Ops 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Call of Duty: Black Ops II
Омотот на Call of Duty: Black Ops 2
Изработувач(и) Treyarch
Серијал Call of Duty
Погон Black Ops II енџин
Подлоги PlayStation 3, Xbox 360, Microsoft Windows, Wii U[1]
Датум на издавање PlayStation 3, Xbox 360 & Microsoft WindowsЈАП November 22, 2012 (Sub)
ЈАП December 20, 2012 (Dub)
Wii UСА November 18, 2012
EU/AUS November 30, 2012[2]ЈАП December 20, 2012 (Dub)
Жанр(ови) Пукачка игра од прво лице
Режим(и) Сингл-плеер, мултиплеер, ко-оп
Медиум Blu-ray Disc, DVD, дигитална дистрибуција, Нинтендо оптички диск
Побарувања Види ја секцијата Производство

Call of Duty: Black Ops 2 е пукачка игра од прво лице изработена од Treyarch и издадена од страна на Activision (Square Enix за Јапонија). Пуштена е во продажба на 13 ноември, 2012 за PlayStation 3, Xbox 360, and Microsoft Windows и на 18 ноември, 2012 во Северна Америка, 20 ноември, 2012 во Европа и Австралија за Wii U. Square-Enix ја пушти во продажба на јапонскиот пазар на 22 ноември, 2012 како титлувана верзија. Јапонската верзија е пуштена во продажба на 22 декември, 2012.

Black Ops 2 е деветата игра во серијалот на видео игри Call of Duty и е продолжение на Call of Duty: Black Ops. Играта е пуштена во продажба во 16.000 маркети во цел свет на полноќ на 13 ноември, 2012.[3]

Black Ops 2 е првата игра во серијалот Call of Duty која содржи воена технологија од иднината и првата која содржи приказна во која настаните се случуваат по избор на играчот. Исто така, содржи и 3D дисплеј опција..[4] По 24 часа од пуштањето во продажба, играта собрала повеќе од 500 милиони долари, победувајќи ја Modern Warfare 3 и правејќи ја најголемата продажба на сите времиња за првите 24 часа .[5] Во ноември се продадени околу 7.5 милиони копии од играта.[6]

Таа е првата игра во серијалот да содржи значајни знаци на нелинеарен гејмплеј, најзначајно повеќе краеви.[7]


Наводи[уреди]


Надворешни сајтови[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: