Activision

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Штабот на Activision во Санта Моника

Activision (ATVI) (англиски изговор: активиж'н) е американска компанија која изработува и издава видеоигри, во сопственост на францускиот конгломерат Vivendi SA. Основана е на 1 октомври, 1979[1] и е првиот независен изработувач и дистрибутер на видеоигри за играчки конзоли во светот. Првите производи на компанијата биле касети за конзолата Atari 2600 издавани од јули 1980 за американскиот пазар и од август 1981 за меѓународниот пазар.[2] Activision сега е еден од најголемите издавачи на видеоигри во светот, покрај производителите на конзоли, а во 2007 беше број еден издавач во САД[3] На 18 јануари, 2008, Activision најави дека е најголемиот американски издавач за 2007, според NPD Group.[4]

На 2 декември, 2007 беше најавено дека Activision ќе биде купен од Vivendi, со тоа што Vivendi ја дава својот оддел за игри заедно со пари, во замена за мнозинство акции во новата група. Activision и Vivendi Games се споија на 9 јули, 2008, а новата компанија го доби името Activision Blizzard.[5] Activision сè уште постои како филијала на Activision Blizzard и сè уште ќе изработува и издава игри како Call of Duty и Guitar Hero, заедно со делови од интелектуалната сопственост на Vivendi.

Позначајни издадени игри[уреди]

Поврзано: Список на игри од Activision

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]