IW (погон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Програмери Infinity Ward
Вид Погон за видеоигри
Лиценца Неслободна

IW е погон за видеоигри направен од Infinity Ward и беше употребен во познатиот серијал Call of Duty. Овој погон е вклучен во списокот на „Најдобрите 10 играчки погони за оваа генерација“ на IGN и се смета за еден од најдобрите погони за видеоигри до ден денес.[1] Прво се користел под неслободна лиценца на id Tech 3 до Call of Duty 4: Modern Warfare, каде што бил подобруван од Infinity Ward. Treyarch користеле подобрени верзии во три нивни игри: Call of Duty: World at War, Quantum of Solace и Call of Duty: Black Ops. Во Call of Duty: Modern Warfare 2 е користена верзијата 4.0. Call of Duty: Modern Warfare 3 користи подобрена верзија на погонот, но под друго име - MW3 погон.

Технички податоци[уреди]

Погонот на Call of Duty 4

Карактеристиките на погонот се:

  • Динамично осветлување како во вистинскиот свет
  • Статични HDR осветлувачки ефекти
  • Динамични сенки
  • Длабочина на поле
  • Динамичен физички систем
  • Физички регдол (ragdoll)
  • Реалистичен оган
  • Напредни временски ефекти
  • Реалистична анимација на лик
  • Високи детали на предмет

IW 4.0[уреди]

IW 4.0 е втората генерација на погонот IW, исто изработена од Infinity Ward. IW 4.0 е една генерација понапред од претходните способности на поногот IW. Можностите на погонот се подобрени во осветлувањето, сенките и физиката, и можно е да се прават поголеми светови и понапредни детали на објекти. Овој погон прв пат е употребен во четвртата игра на компанијата, Call of Duty: Modern Warfare 2. Исто така и картите зафаќаат помалку простор во меморијата, што значи дека побрзо се вчитуваат.

Следната игра од серијалот, Call of Duty: Black Ops (на Treyarch) не го користи погонот IW 4.0, туку подобрена верзија на погонот на World at War.[2]

Игри кои го користат погонот IW[уреди]

Наводи[уреди]