28 јуни (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1098  Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во битката кај Антиохија.
1389  Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите.
1914  Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919  Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948  Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967  Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989  На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 годишни од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993  Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001  Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.