22 јули (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1099  Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Кралството Ерусалим.
1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II.
1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс.
1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници.
1933  Американскиот авијатичар Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути.
1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја.
1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира.
1992  Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Меделјин, во престрелка со полицијата.