Честер Бенингтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Честер Бенингтон
Честер Бенингтон изведувајќи на „Globe Arena“ во Стокхолм
Биографски податоци
Родено име Честер Чарлс Бенингтон
Познат(а) и како Чези Чез
Роден(а) 20 март 1976(1976-03-20)
Финикс, Аризона, САД
Потекло Агура Хилс, Калифорнија, САД
Починал(а) 20 јули 2017(2017-07-20) (воз. 41 г.)
Калифорнија, САД
Жанрови алтернативен рок,[1] алтернативен метал,[2] рап рок,[2][3] ну метал,[2][3][4][5][6] електронски рок
Занимања музичар, текстописец, актер
Инструменти вокал, гитара, пијано, тапани
Период на активност 1993–2017
Издавачи Warner Bros.
Соработници Линкин Парк, Dead by Sunrise, Julien-K, Grey Daze
Мреж. место cbennington.com
Значајни инструменти
Hamer Vector flying V guitar
Takamine Guitars
Taylor Guitars
Yamaha Guitars

Честер Чарлс Бенингтон (20 март 197620 јули 2017)[7] бил Американски музичар, текстописец и актер. Тој бил најдобро познат како еден од двата вокали на рок бендот Линкин парк и Dead by Sunrise.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Бенингтон се родил на 20 март, 1976 во Феникс, Аризона. Неговата мајка работела како медицинска сестра, додека татко му бил полициски детектив кој работел со деца жртви на сексуално насилство,[8] и често работел во две смени.[9] Родителите на Бенингтон се развеле кога имал 11 години, грижата за него ја превзел неговиот татко.[9] После разводот, почнал да користи многу наркотици како кокаин, метамфетамин, опиум, алкохол, марихуана,[10][11] и ЛСД.[9]

На 17 години, Бенингтон се преселил да живее со мајка му, која откако дознала дека користи дрога му забранила да излегува од дома.[9] Работел во Бургер Кинг пред да започне неговата професионална кариера како музичар. Во меѓувреме, Честер успеал да ја преброди зависноста од дрогата, и во едно од неговите интервјуа најавил дека ќе се откаже од користењето дрога.[12]

Во едно интервју, открил дека бил сексуално злоставуван од страна на негов повозрасен другар на седум годишна возраст.[13] Честер плашејќи се не побарал помош затоа што не сакал луѓето да мислат дека е хомосексуалец или дека лаже, па така злоупотребата продолжила се додека не наполнил 13.[9] Злоупотребата и ситуацијата дома му влијаеле толку силно што чуствувал потреба „да убива луѓе“ и да побегне.[9] За да се утеши, почнал да слика, да пишува поезија и песни.[9] Тој подоцна го открил идентитетот на насилникот на неговиот татко, но решил да не го продолжува случајот затоа што сфатил дека насилникот бил исто така жртва.[11]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Linkin Park - Alternative Addiction.com
  2. 2,0 2,1 2,2 AllMusic profile
  3. 3,0 3,1 Loudwire
  4. Album review (AllMusic)
  5. NME.com
  6. Linkin Park review @ the Guardian
  7. White, Caitlin (20 јули, 2017). „Chester Bennington And Linkin Park Had Plans for a Band Photo Shoot Today“. Uproxx. http://uproxx.com/music/chester-bennington-suicide-linkin-park-photo-shoot/. конс. 20 јули, 2017 г. 
  8. Fricke, David. “Rap Metal Rulers” Архивирано December 24, 2005, во Wayback Machine., Rolling Stone No. 891, March 14, 2002
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Bryant, Tom. „Linkin Park, Kerrang!“, Kerrang!, 23 јануари 2008.
  10. Apar, Corey, Chester Bennington Biography, mtv.com, Retrieved on June 27, 2007.
  11. 11,0 11,1 Simpson, Dave. „Linkin Park: 'We're famous, but we're not celebrities'“, guardian.co.uk, 7 јули 2011.
  12. Bradenton Herald, Bradenton: Mo' Money Mo' Problems Архивирано May 23, 2008, во Wayback Machine. (August 13, 2004), Linkin Park Association; retrieved on June 27, 2007.
  13. Linkin Park's Chester Bennington: 'I was a raging alcoholic'“, nme.com, 14 јули 2011.

Надоврешни врски[уреди | уреди извор]