Црква „Св. Атанасиј Бессребренички“

Координати: 40°31′12″N 21°16′6″E / 40.52000° СГШ; 21.26833° ИГД / 40.52000; 21.26833
Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Атанасиј Бессребренички
Αγίου Αθανασίου
Поглед на црквата
Карта
40°31′12″N 21°16′6″E / 40.52000° СГШ; 21.26833° ИГД / 40.52000; 21.26833
МестоКостур, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типеднокорабна базилика
ЗавршенаXIX век
Управа
Архијерејско намесништвоКостурско
ЕпархијаКостурска

Свети Атанасиј Бессребренички (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква во градот Костур, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е дел од Бессребреничката парохија.[1] Сместена е на сртот на Костурскиот рид, во близина на црквата „Пресвета Богородица Бессребреничка“ и Костурскиот византиски музеј.

Историја[уреди | уреди извор]

Ктиторскиот натпис

Според ктиторскиот натпис над влезот одвнатре, црквата е живописана во 1844 г. од зографот Аргир Михајлов од селото Чука.[2] Храмот е посветен на Атанасиј Велики и Кирил Александриски.

Во 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Фреска на Св. Наум

Во архитектонски опис црквата претставува еднокорабна базилика со дрвен кров и припрата на северната страна. Градбата е стабилна, изградена од камени и керамични плочки.[1] Има богато живописана внатрешност.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 171.
  2. 2,0 2,1 2,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/13306/238/16-4-1991 - ΦΕΚ 812/Β/3-10-1991“ (грчки). Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2023-09-06.