Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долени
Успение на Пресвета Богородица | |
---|---|
Κοιμήσεως της Θεοτόκου | |
Поглед на црквата | |
40°23′1.78″N 21°9′57.28″E / 40.3838278° СГШ; 21.1659111° ИГД | |
Место | Долени, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Завршена | XI век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Госненско |
Епархија | Костурска |
Успение на Пресета Богородица (грчки: Ναός της Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — средновековна црква во селото Долени, Костурско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата е сместена на мал рид на северниот влез на селото.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Храмот е еднокорабна крстокуполна црква, изградена во XI век. Првобитно имала трем од југ и запад, чие уривање лошо се одразило врз внатрешниот живопис.[1]
Фреските датираат од два периода. На јужниот ѕид на наосот има натпис според кој првото жиовописување е изведено во 1432 г. Има претстава на Свети Климент Охридски.[2] Овие фрески во наосот, а особено во неговата купола, пострадале од влагата која се провлекувала низ срушениот покрив, а подобро се зачувани фреските на северниот ѕид.[1]
Вториот живописен слој, кој е подобро зачуван, датира од 1749 г. и ги покрива ѕидовите во нартексот и ниските делови на наосот.[3] Се издвојува претставата на Свети Јован Крстител.[1] За преизградбата на уништените делови од црквата сведочи ктиторскиот натпис, напишан на наметнатиот грчки:
„ | ΑΝΗΓΕΡΘΗ ΚΑΙ ΑΝΙĊΤΟΡΗΘΗ Ο ΘΕΙΟČ ΚΑΙ ΠΑΝĊΕΠΤΟČ ΝΑΟČ ΟΥΤΟĊ ΤΗČ ΥΠΕΡΑΓΙΑĊ ΔΕΣΠΟΙΝΗĊ ΗΜΟΝ ΘΕΟΤΟΚΟΝ ΚΑΙ ΑΕΙΠΑΡΕΝΟΥ ΜΑΡΙΑČ ΑΡΧΙΕΡΑΤΕΥΟΝΤΟĊ ΤΟΥ ΠΑΝΙΕΡΟΤΑΤΟΥ ΚΑΙ ΛΟΓΙΟΤΑΤΟΥ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΟΥ ΚΑČΤΟΡΙΑČ ΚΥΡ ΧΡΥΣΑΝΘΟΥ ΚΑΙ ΕΦΗΜΕΡΕΥΟΝΤΟČ ΔΙΜΙΤΡΙΟΥ ΙΕΡΕΟČ ΚΑΙ ΔΙΑ ΣΥΝΔΡΟΜΗČ ΤΩΝ ΧΡΙĊΤΙΑΝΩΝ ΤΗĊ ΧΩΡΑČ ΤΑΥΤΗČΣ ΕΝ ΕΤΕΙ, ΑΨΜΘ
Се подигна овој свет и сепочитуван храм на Пресветата Владичица наша Богородица и вечна Дева Марија при владикувањето на сесвештениот и учен митрополит Костурски господин Хрисант и при ефимерот, свештеник Димитар и со помошта на христијаните од оваа област во година 1749.[1][4] |
“ |
Во 1924 г. храмот е прогласен за споменик на културата.[5]
Фрески
[уреди | уреди извор]-
Надворешна фреска „Успение Богородично“
-
Св. Јован Претеча, 1749 г.
-
Свети Петар, 1749 г.
-
Свети Пантелејмон, Кузман и Дамјан, 1749 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 79.
- ↑ Trifonova, Alexandra (2014). „Οι απεικονίσεις του αγίου Κλήμεντα Αχρίδος στη μνημειακή ζωγραφική“. Πρακτικά Διεθνούς Επιστημονικής ημερίδας Άγιος Κλήμης Αχρίδος: συνεχιστής του έργου των αγίων Κυρίλλου και Μεθοδίου (грчки). Βέροια. εικ. 1-17: 135. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ „Ναός Κοιμήσεως της Θεοτόκου - Ζευγοστάσιο“. cyberotsarka. Посетено на 26 декември 2016.
- ↑ Снегаров, Иван (1995) [1932]. История на Охридската архиепископия-патриаршия, т.2 (Второ фототипно. изд.). София: Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 231. ISBN 954-430-345-6.
- ↑ „ΠΔ 3-11-1924 - ΦΕΚ 279/Α/6-11-1924“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 5 мај 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Долени на Ризницата ?