Клисурски манастир (Егејска Македонија)
| Клисурски манастир | |
|---|---|
| Рождество на Пресвета Богородица | |
| Παναγίας Κλεισούρας | |
Портата на манастирот | |
![]() | |
| 40°32′2.98″N 21°29′4.21″E / 40.5341611°N 21.4845028°E | |
| Место | Клисура, Костурско |
| Земја | Егејска Македонија, Грција |
| Вероисповед | Цариградска патријаршија |
| Архитектура | |
| Културнонаследна категорија | споменик на културата |
| Стил | трикорабна базилика |
| Изградба | 1813 |
| Управа | |
| Архијерејско намесништво | Горенско |
| Епархија | Костурска |
Клисурски манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ (грчки: Μονή Παναγίας Κλεισούρας, Μονή Γενεθλίου της Θεοτόκου Κλεισούρας) — манастир во Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Сместен е во борова шума во источните падини на планината Мурик, на 3 км од селото Клисура, по патот кон Мокрени.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот е основан околу 1314 г. од монахот Неофит од Клисура.[2]
Според натписот во црквата, манастирот е возобновен во 1813 година од монахот Исаија Плист од Клисура.[1] Сегашниот манастир веројатно е основан во втората половина на XVIII век на местото на постариот грам, бидејќи на натписот е укажано дека Исаија го основал на стари темели.[1] Манастирската црква е е трикорабна базилика со подоцна изградена купола фи со припрата. Внатре има богато украсен дрвен иконостас од 1772 г. Внатрешноста е живописана од зографот Георги од епирското село Кионат.[3][4]
Во текот на XIX век изградени се параклисот „Св. Јован Претеча“ и конаците кои ја обиколуваат црквата и на манастирот му даваат изглед на тврдина.[1] За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот станал засолниште за грчките андарти кои војувале против четите на ВМОРО. Извесно време бил метох на Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“).[1]
Зачуваните градби на манастирскиот комплекс се од XVIII и XIX век. Манастирот постепено се запустил, но е возобновен е во 1992 г. како женски манастир,[2] иако Тодор Симовски во претходната 1991 г. во него забележал 27 жители.[5] Оттогаш бројот на жители е доста намален.
Во 1996 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата.[1][3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Икона на Исус Христос, 1786 г.
- „Рождество на Пресвета Богородица“, фреска над црковниот влез
- Игуменот архимандрит Нил Клисурски, 1907 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Αρ. Ι. Τζιώγος, Συνοπτική ιστορία της Κλεισούρας Δυτικής Μακεδονίας και το ιστορικόν αυτής μνημείον της χριστιανωσύνης της Ιεράς Μονής Παναγίας – Γεννήσεως της Θεοτόκου, Θεσσαλονίκη 1962.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
- 1 2 „Ιερά Μονή Γενεθλίου της Θεοτόκου Κλεισούρας Καστοριάς“. Μοναστήρια της Ελλάδας. 9 септември 2012. Посетено на 27 март 2016.
- 1 2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/26378/758/12-7-1996 - ΦΕΚ 756/Β/27-8-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-05-18. Посетено на 27 декември 2014.
- ↑ Δρακοπούλου, Ευγενία (2010). Έλληνες ζωγράφοι μετά την Άλωση (1450-1850), τόμος 3, Αβέρκιος - Ιωσήφ (Συμπληρώσεις-Διορθώσεις). Αθήνα: Ινστιτούτο Νεοελληνικών Ερευνών / Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 218. ISBN 978-960-7916-94-5. Архивирано од изворникот на 2021-10-29. Посетено на 2022-04-24.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Клисурски манастир (Егејска Македонија) на Ризницата ?
