Загоричански манастир
Загоричански манастир | |
---|---|
Света Петка | |
Μονή Αγίας Παρασκευής | |
40°32′16″N 21°25′39″E / 40.53778° СГШ; 21.42750° ИГД | |
Место | Загоричани, Костурско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1967 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Горенско |
Епархија | Костурска |
Загоричански манастир „Св. Петка“ (грчки: Μονή Αγίας Παρασκευής) — манастир кај селото Загоричани, Костурско, Егејска Македонија.[1][2] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Основан е во 1967 г. од архимандритот Севастијан Стефанопулос во месноста Котори, меѓу селата Загоричани и Куманичево. Овде порано имало мала црква посветена на Света Петка. Црквата е урната во 1969 г. и во 1970 г. се изградени нова трикорабна базилика и манастирски конаци.[2] Сè до 1991 г. манастирот бил метох на соседниот Олишки манастир.[3] Во 1991 г. е изградена нова трикорабна црква со куполи, која денес е главен храм на манастирот.[2] Во 2001 г. манастирот имал 34 жители.
Крај манастирот во 1980-тите се појавило селото Света Петка наречено по него.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής (Κόττορι) Βασιλειάδας – Καστοριάς[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
- ↑ Портал на Костур