Црква „Св. Захариј“ - Загар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свети Захариј
Αγίου Ζαχαρία
40°25′22″N 20°52′35″E / 40.42278° СГШ; 20.87639° ИГД / 40.42278; 20.87639Координати: 40°25′22″N 20°52′35″E / 40.42278° СГШ; 20.87639° ИГД / 40.42278; 20.87639
МестоЗагар, Костурско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
ЗавршенаXVI век
Управа
Архијерејско намесништвоНестрамско
ЕпархијаКостурска

Свети Захариј (грчки: Ναός Αγίου Ζαχαρία στο Γράμμο) — црква на планината Грамушта во Костурско, Егејска Македонија. Претставува единствената преживеана градба од некогашното село Загар.[1] Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓал на Охридската архиепископија.

Историја[уреди | уреди извор]

Според повеќето истражувачи, храмот е изграден на крајот од XVI век и претставува една од највпечатливите цркви на ова подрачје.[2] Своевремено бил црква на денес исчезнат манастир, веројатно метох на соседниот манастир „Св. Архангели“ кај селото Чука, бидејќи црквата е мала.[3] Преостанала само црквата, но откриени се темелите на конаците.[1]

Околу манастирот се развило селцето Загар. По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населило муслиманско население кое ја претворило црквата во џамија. Подоцна храмот е претворен во штала. По припојувањето на Егејска Македонија кон Грција во 1912 г. истиот одново станал црква. Во XX век е обновена припратата[3] која доготаш била во урнатини.[1]

Во 1990 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е крстокуполна и покриена со камени плочки, што заедно со внимателната ѕидарија покажува дека е дело на градители од еписката школа.[1]

Внатрешноста е живописана, но голем дел од фреските се уништени во пожар. Зачуваните фрагменти се од XVII век, што се потврдува во натпис над прозорец одвнатре на јужниот ѕид со годината 1671.[3][5][6]

Фреските во храмот се поврзуваат со зографи од Линотопската школа.[3][7] Оштетениот натпис над прагот на црквата е напишан на влашки со грчки букви и гласи:[7]

Влашкиот натпис над влезот
Κάρι βα σ’ ίντρα τρου αέστα μπισιάρικα σι βα σ’ ινκλίνα κου εβλάβιε Ντουμνιτζάου βα λι ατζιούτα

Кој ќе влезе во овој храм и ќе се поклони со почит, Бог ќе му помогне[7]

Фрески[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Δόικος, Νίκος & Γιάννης Σίσιου & Δημήτριος Τσουρτσούλας (1995). Καστοριανά Μνημεία: Μακεδονική Κληρονομιά. Χρωμογραφή. стр. 137.
  2. Ξενώνας Αναστασία
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 . Ιστορικά Καστοριάς http://istorikakastorias.blogspot.com/2010/12/2.html. Посетено на 6 јануари 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  4. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/49443/1076/25-4-1990 - ΦΕΚ 358/Β/18-6-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Посетено на 16 декември 2014.
  5. Опис на порталот на Општина Костур
  6. „Στη Μονή του Προφήτου Ζαχαρία“. Cyberότσαρκα. Посетено на 7 март 2013.
  7. 7,0 7,1 7,2 Σιώκης, Νικόλαος (5 април 2012). „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Βλάχοι.net. Посетено на 10 јули 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]