Ајтоски манастир

Координати: 40°39′29.1″N 21°32′41.6″E / 40.658083° СГШ; 21.544889° ИГД / 40.658083; 21.544889
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајтоски манастир
Свети Архангели
Манастирската црква „Св. Архангели“
Карта
40°39′29.1″N 21°32′41.6″E / 40.658083° СГШ; 21.544889° ИГД / 40.658083; 21.544889
МестоАјтос, Леринско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Историја
Осветена1895
Архитектура
Стилпреродбенички
Завршена1892
Управа
Архијерејско намесништвоАјтоско
ЕпархијаКостурска

Ајтоски манастир „Св. Архангели“манастир кај селото Ајтос, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Манастирот е сместен на рид северозападно од селото, по патот за Невеска. Стариот манастир кој бил на ова место бил уништен од Трците и од него останале само темелите. Дълго време беговите од соседното село Горицко ја попречувале неговата обнова.[2] Според легендата, главниот противник возобновата, Вели-бег, дал откако му починале сите деца и откако му умреле двата бивола при орањето на манастирското земјиште.[3]

Новиот манастир почнал да се гради во 1892 г. и осветен е во 1895 г.[4] Иницијатор на изградбата бил мештанинот Роби Анастасов со духовно име отец Дамјан, кој бил монах на Света Гора и потоа се вратил во родното село. Дозволата од властите е издејствувана со помош на Христо Манов, кој бил царски градинар на султанот.[1] Во обновата помогнал и Михаил Мисирлијата од Невеска, кој ги поканил леринскиот кајмакам и Изет-паша на гости, и ја добил нивната согласност. Во изградбата учествувале селаните од околните македонски села и жителите на влашкото село Невеска. Подигнат е голем конак со 20 соби и обезбедено е примерно стопанство.[4] Во прво време бил метох на манастирот „Св. Врач“ (Олишки манастир).[5] Пробитно бил под управа на митрополитот Герман од Невеска и јеромонахот Тасе од Ајтос. Подоцна архимандритот Герман се одметнал од Патријаршијата и станал романски свештеник во Битола.[4]

Во 1902 г. манастирот го признал врховенството на Бугарската егзархија.[4] Кон крајот на османлискиот период во 1912 г. овој бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско, заедно со „Св. Ѓорѓи“ во Арменско и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред .[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Εκκλησία Ταξιαρχών“. Κοινότητα Αετού. Посетено на 6 јануари 2014.[мртва врска]
  2. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198.
  3. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198 – 199.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 199.
  5. „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 6 јануари 2014.
  6. Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198 – 200.