Црква „Св. Ѓорѓи“ - Арменско
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Aγίου Γεωργίου | |
Поглед на црквата | |
40°46′25.5″N 21°18′27.2″E / 40.773750° СГШ; 21.307556° ИГД | |
Место | Арменско, Леринско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1873 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Леринско |
Епархија | Леринско-преспанско-еордејска |
Свети Ѓорѓи (грчки: Aγίου Γεωργίου) — манастирска црква во селото Арменско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Црквата е изградена во 1873 г. и е еден од најпретставителните храмови во тој крај.[2] Според Георги Трајчев, манастирот на ова ацрква е основан во 1860 г.[1] За неговата историја тој вели:
„ | Грчкиот владика прави обиди да го завладее. Се вмеша и власта. Владиката тврди дека манастирот му припаѓа нему бидејќи тој го осветил. Но селаните одговараат умно и духовито дека и тие се венчани од него (владиката), па така и нивните жени би требало, според неговата логика, да бидат негови (на владиката). Власта, слушајќи го тој разобличувачки аргумент против дедо владика, ја уважи молбата на селаните и манастирот остана во нивна сопственост.[1] | “ |
На крајот од отоманскиот период во 1912 г. Арменскиот манастир заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) во Ајтос и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско.[3]
Црквата во архитектонски поглед претставува трикорабна базилика со трем од запад. Олтарниот простор е живописан. Има вреден разбан и насликан иконостас со стари икони.
Прогласена е за заштитен споменик на културата во 1985 г.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 199.
- ↑ 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β/Φ36/67505/1475/20-12-1984 - ΦΕΚ 47/Β/29-1-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-14. Посетено на 15 мај 2015.
- ↑ Трайчевъ, Георги (1933). Манастиритѣ въ Македония (PDF). София: Македонска библиотека № 9. стр. 198 – 200. no-break space character во
|page=
во положба 4 (help)