Црква „Св. Архангел Михаил“ - Драмче
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Делчевско |
| Парохија | Ѕвегорска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°53′46″N 22°16′43″E / 41.89611°N 22.27861°E |
| Место | Драмче |
| Општина | Делчево |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Изградба | XVII – XVIII век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабен |
Св. Архангел Михаил (или Шарена црква)[1] — црква во делчевското село Драмче. Му припаѓа на Делчевското архијерејско намесништво во Брегалничката епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[2]
Црквата е изградена во месноста Еремија на крајот од XVII или почетокот на XVIII век.[1] Претставува еднокорабна градба.[1] Престолните икони се дело на истакнатиот зограф Григориј Пецанов од Струмица.[1] Целосно е живописана во XVIII – XIX век, поради што го носи името „Шарена“, но фреските се уништени поради неколку пожари.[3] На царските двери е напишана годината 1841 кога се правени, но се претпоставува дека иконостасот е многу постар.[1]
Првото селско училиште
[уреди | уреди извор]Во црковниот двор се е наоѓало првото училиште во Драмче, основано во 1869 г. Наставата се одвивала во овој објект сè до 1922 г. кога е изградена нова зграда. Училиштето е затворено во 2009 г.
Празничен собор
[уреди | уреди извор]Секоја година на празникот Архангел Михаил (21 ноември) во црковниот двор се приредува традиционален собор на кој се игра изворното оро од Драмче — Копачка.[1][4]
Слики
[уреди | уреди извор]- Преден поглед на црквата
- Фасадните ниши на црквата
- Архангел Михаил во ниша и со тавански свеќник пред него
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Св. Архангел Михаил“. Убавините на Делчево. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 31 март 2014.
- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Делчевско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 31 март 2014.
- ↑ Илиевска-Арсова, Весна (2011). Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки! (PDF). Штип: Центар за развој на Источен плански регион. стр. 37. ISBN 978-608-65253-0-9. Посетено на 14 јуни 2017.[мртва врска]


