Хузумски Залив

Координати: 54°28′34″N 8°57′54″E / 54.476° СГШ; 8.965° ИГД / 54.476; 8.965
Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на заливот од Ајдерштат.

Хузумски Залив (германски: Husumer Bucht) — залив во Северното Море, на брегот на покраината Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Заливот е дел од Националниот парк Ваденско Море и е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Јужно од заливот се наоѓа полуостровот Ајдерштет, а на север е т.н. Шобилски Гест. Овој предел („гест“) се протега крај полуостровот Нордштранд и поврзан е со со островот Зилт со траектот „Адлер експрес“ преку Халиг Хоге. На исток се крајречните предели на реките Ајдер, Трене и Зорге. Позначајни населени места се Хузум и околните села сè до Зидермарш.[2]

Животни[уреди | уреди извор]

Ваденското Море е засолниште за бројни преселни птици и дом на разновидни риби како озимицата, кострешот, штуката, крапот, буцовот, лињакот, сомот и смуѓот.[3] Земјиштето околу заливот го пасат домашни овци и кози.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

54°28′34″N 8°57′54″E / 54.476° СГШ; 8.965° ИГД / 54.476; 8.965