Хонгконг (остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хонгконг остров
香港島
Hong Kong Island Skyline 201108.jpg
Hong Kong HK Island.svg
Мапа на Хонгконг, истакнувајќи го островот Хонгконг (во зелено)
Географија
Координати22°15′52″N 114°11′14″E / 22.26444° СГШ; 114.18722° ИГД / 22.26444; 114.18722Координати: 22°15′52″N 114°11′14″E / 22.26444° СГШ; 114.18722° ИГД / 22.26444; 114.18722
Површина78,59 км2
Највисоко издигнување552 м
Највисока котаВикторија
 Хонгконг
Демографија
Население1,270,876 (2011)
Густина на население16,390 /km2 (42,45 /sq mi)

Островот Хонгконг е остров во јужниот дел на Хонгконг. Населението, заклучно со 2008 година, брои 1.289.500 жители, а неговата густина на население е 16.390 / км2.[1] На островот имало околу 3.000 жители расфрлани во десетина рибарски села кога бил окупиран од Велика Британија во Првата опиумска војна (1839–1842) Во 1842 година, островот беше официјално отстапен за секогаш, на Велика Британија според Договорот од Нанкинг, а на островот беше основан градот Викторија од страна на британските сили во чест на кралицата Викторија. Островот беше даден како гест на добра волја назад кон Кина на истекот од договорот на закупот на Новите територии, за да се обезбеди континуиран мир и фер трговија во областа.

Централното подрачје на островот е историски, политички и економски центар на Хонгконг. Северниот брег на островот го формира јужниот брег на пристаништето Викторија, кој во голема мерка е одговорен за развојот на Хонгконг, поради неговите длабоки води кои ги фаворизираат големите трговски бродови.

Островот е дом на многу од најпознатите знаменитости на Хонгконг, како што се „врвот Викторија“, Океанскиот парк, многу историски места и разни големи трговски центри. Северниот дел на островот Хонгконг, заедно со Новиот град Коулун и Цуен Ван, ја формираат основната градска област на Хонгконг. Нивната комбинирана површина е приближно 88,3 квадратни километри (34,1 квадратни милји) и нивната комбинирана популација (таа на северниот дел на островот и Коулун) е приближно 3,156,500, што е одраз на густината на население од 35,700 / км2 (91,500 / квадратни милји).

Историја[уреди | уреди извор]

Рана Историја[уреди | уреди извор]

Луѓето го населуваат Хонгконг уште пред неколку милениуми, за што сведочат неолитските артефакти откриени во Стенли, островот Хонгконг. Царската влада на Чин Ши Хуанг го насели Баију, а подоцна и островот Хонгконг беше под јурисдикција на округот Панју (番禺縣) во округот Нанхај (南海 郡), до династијата Западен Чин. По шестата година од династијата Источен Чин (331 г. н.е.), Хонгконг припаѓал на округот Баоан (寶安 縣).

Се проценува дека за време на династиите Суи и Танг, островот веќе имал трговска активност. Во првата година од периодот Ванли од династијата Минг (1573), Хонгконг припаѓал на округот Синан и останал во тој округ сè додека небеше отстапен на Обединетото Кралство.[2]

Британска колонија[уреди | уреди извор]

По Првата опиумска војна (1839–1842), островот Хонгконг беше анексиран од страна на Велика Британија во 1842 година според Договорот од Нанкинг, територијата стана колонија на британската круна. Во тоа време, островот беше населен со само неколку илјади луѓе, и така беше опишан како скоро ненаселен.

Јапонска инвазија и окупација[уреди | уреди извор]

Втората светска војна беше мрачен период за Хонгконг. Во 1930-тите, Британците предвидуваат јапонски напад врз Хонгконг. Бидејќи Вонг Наи Чунг Гап беше стратешко важно место за одбрана, таму беа изградени големи одбранбени инсталации, вклучително и противвоздушни батерии, хаубици и гнезда со митралези.

Битката за Хонгконгзапочна на 8 декември 1941 година. Британските, канадските, индиските војски и волонтерските одбранбени сили на Хонгконгсе спротивставија на јапонската инвазија под команда на Сакаи Такаши, која започна осум часа по нападот на Перл Харбор. Сепак, јапонците беа во можност да ја преземат контролата на небото над Хонгконг, по што бранителите беа принудени да се повлечат од линијата Гин Дринкер и, следствено, од Колун под силно воздушно бомбардирање и артилериски напад.

На 18 декември, Јапонците го освоија Норт Поинт, достигнувајќи го Вонг Наи Чунг Гап следниот ден. Англиските и шкотските сили и канадските Гренадири Винипег енергично ја бранеа клучната точка на Вонг Наи Чунг Гап и извесно време успешно го обезбедија преминот помеѓу Централните и затскриените јужни делови на островот. Јапонските жртви беа околу 600. Сепак, сојузничките сили на крајот беа поразени од Јапонците на 23 декември, а резервоарот Вонг Наи Чунг беше изгубен - единствениот во Хонгконг во тоа време. По падот на Ван Чаи Гап истиот ден, британските војски немале друг избор освен да се предадат.

Хонгконг беше освоен на 25 декември 1941 година, често нарекуван „Црн Божиќ“ од страна на локалното население. Гувернерот на Хонгконг, Марк Јанг, се предаде лично во привременото јапонско седиште, на третиот кат на хотелот „Полуостров“, со што започна јапонската окупација на Хонгконг. Изогаи Ренсуке стана првиот јапонски гувернер на Хонгконг. Следеше хипер-инфлација и рационализација на храна; а Јапонците ги прогласија доларите од Хонгконг за нелегални. Јапонците спроведуваа политика за репатријација во текот на целиот период на окупација поради недостигот на храна и можниот контра-напад на сојузниците. Како резултат, невработените беа депортирани на копното, а населението во Хонгконг се намали од 1,6 милиони во 1941 година на 600 000 во 1945 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Хонгконг

Островот Хонгконг е втор по големина остров на административниот регион, додека најголем е островот Лантау. Неговата површина е 78,59 км2 (30,34 квадратни милји), вклучително и 6,98 км2 (2,69 квадратни милји) земја повратена од морето, од 1887 година и некои помали размери од 1851 година. Сочинува околу 7% од вкупната територија. Тој е одделен од копното (полуостровот Колун и новите територии) со пристаништето Викторија.

Население[уреди | уреди извор]

Населението заклучно со 2011 година е 1.270.876, што сочинува приближно 19% од оној на Хонгконг. Неговата густина на население е поголема од целиот Хонгконг, 18 000 на км2. Населението е силно концентрирано долж северниот брег.

Жителите кои живеат во централните и западните и областите Ванчаи на островот Хонгконг имаат најголем просечен приход на домаќинствата од која било област во Хонгконг.

88,5% од жителите на островот Хонгконг се со кинеско потекло. Најголеми етнички малцински групи се Филипинците (4%), Индонезијците (2,4%) и Белците (2,4%).[3]

80,2% од жителите на островот Хонгконг користат кантонски јазик како вообичаен јазик, додека 8% користат англиски и 1,9% мандарински јазик.

Хонгконг панорама

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Wayback Machine“ (PDF). web.archive.org. 2009-08-24. Посетено на 2020-11-24.
  2. „Археолошко наоѓалиште“.
  3. „Census Result | 2011 Hong Kong Population Census“. www.census2011.gov.hk. Посетено на 2020-11-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]