Хаџи Гази
Хаџи Гази (турски: Haci Gazi) — старо скопско маало .
Местоположба[уреди | уреди извор]
Маалото се протегало северно од Бит-пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1300 метри североисточно.
Историја[уреди | уреди извор]
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 72 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 16 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 200 жители.[1]
Сегашност[уреди | уреди извор]
Во маалото денес се наоѓа Јахја-пашината џамија и градинката „Фидани”, а низ источниот дел поминува булеварот „Цветан Димов”.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.