Ибни Коџаџик

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Ибни Коџаџик (турски: İbn i Kocacık) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото се наоѓало веднаш до големото маало Јигит Паша, на исток било маалото Кебир Мехмед Челеби, а на севет маалото Хаџи Таџедин. Од плоштадот Македонија било оддалечено 750 метри североисточно.

Историја[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било претежно муслиманско, со 51 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 97 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Исто така имало и 17 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Исто така било забележао и едно христијанско домаќинство со 5 мажи христијани, од кои тројца биле ското доселени во маалото Се проценува дека маалото во тој период имало 268 жители.[1][2]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес од некогашното маало нема останато ништо, целото е урбанизирано. На неговото место се наоѓаат Основниот Суд 1, Основниот Суд 2, Кривичниот Суд Скопје, како и раскрсницата на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.