Мухидин Челеби

Мухидин Челеби (турски: Muhiddin Çelebi) — старо скопско маало.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Маалото се наоѓало во северозападниот дел на тогашното Скопје. На север од него се планирале нови блокови за населување. На југ било маалото Топхане, додека во непосредна близина биле и маалата Хаџи Хајредин и Касим Гази. Од Камениот мост било оддалечено 1450 метри северно.
Историја
[уреди | уреди извор]Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 8 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 12 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 38 жители.[1]
Сегашност
[уреди | уреди извор]Денес овој дел од градот е под општина Чаир и забрзано се урбанизира, тука поминува улицата „Клинска Леса“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.