Прејди на содржината

Пазар Баши

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Пазар Баши (турски: Pazar Başı) — старо скопско маало.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Ова маало се наоѓало во источниот дел на градот и било прилично мало. На север граничело со маалото Уруч Паша, на запад со Кара Капуџи и Исмаил Војвода, на југ со Хаџи Касим, додека пак на исток со маалата Крњево и Дервишан. Од Камениот мост било оддалечено 1130 метри североисточно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Исто така имало и 8 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 132 жители.[1]

Сегашност

[уреди | уреди извор]

Денес овој дел од градот забрзано се урбанизира, но сѐ уште има куќи. Тука поминува улицата „Петре Георгиев“, додека на западниот дел се наоѓа џамијата „Ќазим Беут“.

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.