Кара Капуџу

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Кара Капуџу (турски: Kara Kapıcı) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Маалото се протегало западно од џамијата „Ќазим Беут”. Јужно се наоѓало маалото Исмаил Војвода, додека пак северно било маалото Ибни Меџри. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1180 метри североисточно.

Историја[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 36 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 86 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 14 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 224 жители.[1]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес најголем дел од маалото е под булеварот „Никола Карев” и улицата „Петре Георгиев”. Тука се наоѓа и пешачкиот мост за премунување на претходно споменатиот булевар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.