Прејди на содржината

Хаџи Лала

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Хаџи Лала (турски: Hacı Lala) — старо скопско маало.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Тоа било крајното источно маало на тогашното Скопје и од него започнувал патот кон село Трубарево и селата кон Блатија. Соседни маала му биле Кебир Мехмед Челеби и Искендер Гази. Од Камениот мост било оддалечено 1100 метри источно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Маалото било основано од муслимани, но поради тоа што било крајно маало, започнала фаза на населување на христијани од околните села. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 15 муслимански и 8 христијански домаќинства. Биле забележани 21 мажи муслимани со едно новороденче и 14 мажи христијани со 2 новороденчиња. Шест мажи муслимани и 22 мажи христијани биле заведени како доселеници, што докажува дека во маалото се одвивал процесот на доселување христијанско население од селата.[1][2]

Сегашност

[уреди | уреди извор]

Денес маалото непостои. На негово место се наоѓа бензиската пумпа Макпетрол, булеварот „Гоце Делчев“ и мостот „Беласица“, а од спортива е молот „Ист Гејт“.

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.