Капуџи Хамза

Капуџи Хамза (турски: Kapıcı Hamza) — старо скопско маало.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Маалото се наоѓало јужно од Хаџи Јонус и северно од Уруч Паша, на крајниот западен дел од тогашното Скопје, покрај муслиманските гробишта на Гази Баба. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1500 метри североисточно.
Историја
[уреди | уреди извор]Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 80 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 134 мажи муслимани, со 26 новороденчиња. Исто така имало и 22 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Имало и само едно христијанско[1] домаќинство, без новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 368 жители.[2]
Сегашност
[уреди | уреди извор]Денес на местото на маалото има многу густо збиени куќи и тука поминува улицата „7 Албанска Бригада”.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.