Хатунџиклер
Изглед

Хатунџиклер (турски: Hatuncuklar) — старо скопско маало.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Маалото се протегало источно од Јајха-пашината џамија. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1400 метри североисточно.
Историја
[уреди | уреди извор]Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 51 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 100 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Исто така имало и 23 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 276 жители.[1]
Сегашност
[уреди | уреди извор]Низ ова маало денес поминува улицата „Фан Ноли” и е во целост со куќи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.