Дервишан

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Дервишан (турски: Dervişan) — старо скопско маало.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Многу мало старо скопско маало, кое се наоѓало на тогашниот источен излез од градот Скопје. Од тука започнувал патот кон Куманово. Јужно од него се наоѓало маалото Крњево, додека пак на север од него бил ридот „Гази Баба“. Од Камениот мост било оддалечено 1300 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Маалото било основано од муслимани, но поради тоа што било крајно маало, започнала фаза на населување на христијани од околните села. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 14 муслимански и 3 христијански домаќинства. Биле забележани 24 мажи муслимани со 2 новороденчиња и 5 мажи христијани со едно новороденче. Пет мажи муслимани биле заведени како доселеници.[1][2]

Сегашност[уреди | уреди извор]

Денес маалото е во фаза на урбанизација, при што се рушат старите куќи и се градат повисоки згради.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.