Прејди на содржината

Касим Гази

Од Википедија — слободната енциклопедија
     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Касим Гази (турски: Kâsım Gâzi) — старо скопско маало.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Касим Гази било крајното северно скопско маало, кое било пресечено на пола од страна на реката Серава. Над ова маало всушност се проширувало Скопје, каде веќе во 1899 година се забележани планови за населување на уште 4 блока. До него се наоѓало маалото Дубаг Шахин, а на југ од него било маалото Топхане.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 55 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 121 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Исто така имало и 9 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 288 жители.[1]

Сегашност

[уреди | уреди извор]

Во рамките на ова маало денес се наоѓа ОУ „Цветан Димов“, а на остатокот има густо збиени куќи.Тука поминува улицата „Серава“.

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.