Харалд III (Норвешка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Харалд Хардроде, што означува Харалд Суровиот, (Harald Hardråde норвешки: ) е крал на од 1046 до 1066 (до 1047 заедничко со неговиот роднина Магнус I). Управувањето му се поврзува со континуирани и неуспешни обиди за завладување на Данска. Харалд е убиен при обидите да завладее со Англија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Споменик на Харалд III во Осло

Харалд Сигурдсон Хардроде е роден во 1015. Тој е син на Сигурд Сир, норвешки конунг од потеклото на првиот норвешки крал Харал Прекраснокосиот. Мајка му е Аста Гудбрандсдатер, којашто била омажена за Харалд Гренландецот, од кого што го раѓа Свети Олаф II, но по смртта на мажот си, се омажува повторно за Сигурд Сир. На тој начин Харалд Хардроде е полубрат на Свети Олаф II по мајчина линија.

Уште како дете Харалд се одликувал со воинствена нарав. Во 1030 г. на 15-годишна возраст учествува во битката кај Стикластадир , против Кнут Велики, во којашто Свети Олаф II загинува. Самиот Хардроде е ранет и извесно време се сокрива, додека се лекува, а потоа ја напушта Норвешка. Надвор од границите на државата тој собира воен одред и се префрла во Киевска Русија во служба на Јарослав I.

Неколку години подоцна Харалд со дружината заминува за Цариград, каде што се најмени од императорот. Во византиска служба тој се одликува во неколку воени походи, во коишто раководи релативно самостојно со викиншки воени единици. Тие учествуваат во војната со арабјаните во Сицилија. Во војната против цар Петар Делјан, во којашто Византија повторно успева да воспостави својата власт над Македонија во 1041 г., норманите имаат придонес, којшто е решавачки во клучната Островска битка, а старата Самуилова престолнина Преспа е уништена од страна на норманите, командувани од идниот крал на Норвешка и основач на днешниот главен град Осло, викингот Харалд Хардроде, опишан во една сага. Во почетокот на 40-те години на 11 во. Харалд се враќа во Киев, каде што се оженил за Елисавета Јарославна, ќерка на Јарослав Мудриот.

Во 1045 Харалд Хардроде се враќа во Норвешка со значителни финансиски средства и воени сили и неговиот роднина Магнус I е принуден да го признае за совладетел. Харалд ги посветува следните 16 години на обиди да ја потчини Данска, отстранувајки го од престолотСвенд II. Во 1047, за време на битка со данците, кралот Магнус I е убиен и Харалд Хардроде станува самостоен владетел на Норвешка. Судирите со Данска престанале дури во 1062, кога Харалд и Свенд взаемно се признаваат за кралеви на двете држави.

Во 1066 Харалд изјавува претензии кон престолот на Англија и со помош на графот на Нортумбрија Тостиг се истоварил во североисточниот дел на земјата. По првичниот успех во битката кај Фалфорд, норвешките војски се разбиени од англискиот крал Харолд Годвинсон во битката кај Стемфорд Бриџ, при што Харалд и Тостиг загинуваат. Меѓутоа, неколку недели подоцна Харолд Годвинсон е победен во битката кај Хејстингс и Англија е завладена од норманите.

Харалд III е наследен од неговитесинови Магнус II Харалдсон и Олаф III Хуре.

Семејство[уреди | уреди извор]

Во 1043/1044 г. Харалд се оженил за киевската кнегиња Елисавета Јарославна, од којашто имал две ќерки:

  • Ингегерд Харалдсдатер, омажена за данскиот крал Олаф I (починал 1095 г.), а подоцна за шведскиот крал Филип Халстенсон;
  • Марија Харалдсдатер (починала 1066 г.)

Од Тора Торбергсдоттер Харалд имал двајца синови, коишто станале кралеви на Норвешка:

  • Магнус II Харалдсон, крал на Норвешка од 1066 до 1069 г.
  • Олаф Хуре, крал на Норвешка од 1066 до 1093 г.


Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Sаwyеr, P.H. (1994).Kings аnd Vikings. pgs 118 – 20, 146 – 47. Bаrnеs аnd Noblе Books, Nеw York.
  • Sturluson, Snorri (2005). King Hаrаld's Sаgа (Pаrt of thе Hеimskringlа). pgs 45, 46, 47. Pеnguin Clаssics.
  • Wаßеnhovеn D., Skаndinаviеr untеrwеgs in Еuropа (1000 – 1250), Аkаdеmiе-Vеrlаg, 2006, ISBN 3-050-04285-0