Прејди на содржината

Ингегерда Норвешка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ингегерда Норвешка или Ингегерда Харалдсдотер (в. 1046 – в. 1120) била норвешка принцеза која со нејзините последователни бракови станала кралица на Данска и Шведска. Нејзини сопрузи биле Олаф I од Данска (починал во 1095 година) и Филип од Шведска (починал во 1118 година).[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Ингегерда Харалдсдотер била ќерка на кралот Харалд III од Норвешка и Елисив од Киев, а со тоа и правнука на шведскиот крал Олоф Скоткоунг и внука на Јарослав Мудриот, Големиот кнез од Киев. Таа првпат се омажила за Олаф I од Данска, приближно во 1067 година, во брак договорен како дел од мировниот договор меѓу Данска и Норвешка; за дополнително зајакнување на сојузот, полусестрата на Олоф, Ингерид, се омажила за кралот Олав Кир, кој бил брат на кралицата Ингегерда. Ингегерда станала кралица на Данска кога Олоф станал крал во 1086 година.

По неговата смрт во 1095 година, кралицата отпатувала во Шведска, каде што се омажила за внукот на кралот Инге Постариот Филип во 1095 или 1096 година. Тој станал крал во 1105 година, правејќи ја кралица по втор пат. Нема деца од вториот брак.[2] Останала вдовица во 1118 година. Годините на нејзиното раѓање и смрт не се потврдени, но се знае дека го преживеала вториот брачен другар.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Lars O. Lagerqvist (1982). Sverige och dess regenter under 1.000 år(Sweden and its rulers during 1000 years) (шведски). Albert Bonniers Förlag AB. ISBN 91-0-075007-7.
  1. „Ingegerd was born to Harald and Ellisif -1046“. Harald Hardrada Timeline. Архивирано од изворникот на June 23, 2016. Посетено на May 20, 2016.
  2. „konung Filip“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на May 20, 2016.